13 C
Skopje
вторник, април 20, 2021
spot_img

Гатузо потпишува нов договор со Наполи до 2023 година

Џенаро Гатузо е на чекор до обновување на договорот со Наполи. Според „Спортмедиасет“, во многу скоро време актуелниот предводник на тимот на ншиот Елиф Елмас, ќе стави параф на нов договор кој ќе го задржи на „Сан Паоло“ до 2023 година.

Нацрт планот од договорот е веќе договорен, а претседателот Аурелио Де Лаурентис имал средба и со менаџерот на Гатузо, Хорхе Мендеш кој веќе го добил и писмениот дел од понудата на Наполи. Засега сè оди добро, а како што тврди и весникот „Ил Матино“, сега ќе има кратка фаза на разгледување на детапите, по што следува потпишувањето.

Сега Гатузо заработува 1,4 милиони евра по сезона, а со новиот договор треба да има зголемување на платата. Во првата сезона би добил 2,3 милиони, а до крајот на договорот истата ќе се зголемува до 2,5 милиони евра.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести