6 C
Skopje
сабота, април 17, 2021
spot_img

Скандалозно: Кандидатот на Мицкоски за пратеник го нападна Заев заради тоа што кажал дека Ристовски, Вељановски, Јанакиески и останатите не се виновни за организација на 27 април

Сафет Бишевац кој беше кандидат на Мицкоски за пратеник во Собранието, во дебата на ТВ 24, го спореди интервјуто на Заев и неговото однесување во спорот со Бугарија, со однесувањето на Никола Груевски.
Со оглед на фактот дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ однесувањето на Заев го сметаат за предавничко и дека истот го продава македонскиот идентитет, практично Бишевац, кој како штитеник на Мицкоски беше ставен на високот 9-то место во Изборната единица 1, Груевски го прогласи за антимакедонец.
„Однесувањето на Никола Груевски во суштина и нема некоја битна разлика од однесувањето на Зоран Заев.“ изјави блискиот соработник на Мицкоски.
Бишевац жестоко ја нападна и изјавата на Зоран Заев пред Основниот суд Скопје 1 од минатата недела во која што како сведок ги ослободи од вина Миле Јанакиески , Спире Ристевски, Трајко Вељановски и останатите осомничени како организатори за 27 Април.
„Интервјуто на Зоран Заев не е само скандалозно, туку го соголи начинот на кој што тој управува со оваа држава. Тој мисли дека е единствен кој има право заради визионерските евроатлантски интеграции да управува со државата како трговец поединец. Тоа се виде на едно од судските рочишта пред некој ден кога си зеде улога во судницата да определува кој е виновен , а кој не е. Таа улога не доликува на премиер.“ смета Бишевац.
Мицкоски не се огради од овие ставови на Бишевац, а неговиот кандидат за пратеник се обиде да го одбрани и за цитирањето на Славко Јаневски кој претходно беше лустриран во процесот кој го иницираше власта на ВМРО-ДПМНЕ. На прашање дали тоа не е перверзно, Бишевац одговори „Многу работи имало перверзни. Не само цитирањето на Славко Јаневски.“

Избирајќи меѓу честа на членството и ветувањата на Бишевац, Мицкоски се откажа од ВМРО

На листите за кандидати за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои ги состави Мицкоски, на последните парламентарни избори не се најдоа искусни кадри како Илија Димовски-долги години координатор на пратеничката група, Емил Димитриев-генерален секретар и технички премиер, Влатко Ѓорчев или Никола Поповски и други функционери кои оставиле печат во партијата. Сепак на листите на Мицкоски се најде место за Гордана Силјановска и на општо изненадување на сите, Сафет Бишевац.
Токму Бишевац уште во 2013 година омаловажи половина милион македонци кои гласале за ВМРО-ДПМНЕ навредувајќи ги дека немале мозок.

Истите навреди Бишевац ги повтори и подцна на ТВ Телма

Нешто подоцна Бишевац беше активен член на протестите против власта на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ дури и тврдеа дека првин го молел Заев за да биде ставен на листата за пратеници, но барањето му било одбиено.

Затоа му успеа да се најде на листата на христијан Мицкоски кој заради Бишевац им го сврте грбот на неговите сопартијци. Цената за ваквите одлуки на изборите ја плати партијата, а Мицкоски го доживеа третиот пораз во низа.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести