Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Мицкоски повторно излета во кривина: Дерковски му порача дека изборите во Штип се безбедни !

Дента после изборниот пораз, кој претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се обиде да го претстави како победа, Мицкоски изрази сомнеж во се освен во првиот човек на Државната изборна комисија Оливер Дерковски. Мицкоски го спореше броењето на гласовите, се сомневаше во поткуп па дури и во компјутерскиот ситем на ДИК. Сепак првиот човек на ДИК, според Мицкоски извонредно си ја завршил работата.

Вчера на панел дискусијата „Изборни реформи: Желбите наспроти реалноста“ во рамки на Фестивалот на слободата, Дерковски порача дека изборите во Штип и Пласница не претставуваат кластер за ширење на корона вирусот. Тоа според него го покажале и парламентарните избори што беа организирани во текот на летото. Покрај тоа што сега состојбата со пандемијата е посериозна, со искуството од претходните избори, Дерковски смета дека многу полесно ќе се организираат предвремените локални избори во Штип и Пласница.

Монти Пајтон се величина за Мицкоски – Нивниот хумор е поинтелигентен и посериозен од неговиот

Дерковски беше избран за претседател на ДИК на директен предлог на Христијан Мицкоски во јули 2018 година.
Дерковски важеше за човек од доверба на Мицкоски и токму затоа уште поголема е тежината на зборот кога тој ќе потврди дека Мицкоски лаже кога бојкотот го правда со опасноста од дополнително ширење на корона вирусот заради изборите во Штип.
Мицкоски тогаш појаснуваше дека ниедна политичка кариера, најмалку онаа на Заев и Бочварски не е поважна од здравјето на граѓаните.

-Имајќи ја во предвид оваа апокалиптична состојба со КОВИД-19 пандемијата, сето она што го гледаме е наше секојдневие, секојдневно броиме десетици луѓе кои го губат својот живот, броиме илјадници наши сограѓани кои на дневна основа се заразуваат, за нас претставува вистинска лудост оваа егзибиција на Зоран Заев и СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ да ја легитимира, напротив треба да ја осудиме, затоа што свесното втурнување на човечките ѓивот во една апокалиптична ситуација, потенцираше Мицкоски.

-Ценам дека свесното втурнување во опасност и загрозувањето на животите на граѓаните не е политика што ВМРО-ДПМНЕ ја подржува, ние се спротивставуваме на ваквите девијантни однесувања во политиката и ваквите би рекол „Монти Пајтон“ политичари и ја користам оваа прилика да апелирам на разум, затоа што ситуацијата со пандемијата е девастирачка и алармантна, а тоа го кажа и во оној страшен прес ресорниот министер, кога и покрај сите оние убедувања во минатото дека „блескаме“ дека ситуацијата е под контрола, а по нашите укажувања призна дека ситуацијата не само што не е по контрола, туку е надвор од контрола, вели Мицкоски.

Вистинските причини за бојкотот на Мицкоски, според извори на медиа лежат во неможноста да најде кандидат кој би сакал да трча за него на избори, а луѓето кои му стоеле на располагање би го однеле во сигурен пораз, што би значело и губење на претседателското столче. Затоа Мицкоски одлучи без борба да го предаде вмровскиот бастион Штип на СДСМ, иако изјавуваше дека во токму во Штип се брани Македонија.

најчитани вести

Македонија

Десната рака на Христијан Мицкоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Александар Николовски, на последното гостување на ТВ Алфа, го обвини Зоран Заев дека е...

Македонија

Последените настани во односите помеѓу Македонија и Бугарија, заострената реторика на бугарските власти, навредите од Каракачанов и интервјуто на премиерот Зоран Заев, ги зголемија...

Свет

Бил Гејтс, милијардер, основач на „Мајкрософт“ и филантроп, ги сподели своите размислувања за иднината на глобалните пандемии во својот подкаст „Бил Гејтс и Рашид...

Забава

Ќерката на Цеца Ражнатовиќ, Анастасија Ражнатовиќ ги запали социјалните мрежи кога во кусите приказни на „Инстаграм“ објави видео додека се капе во запенета када....