Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

БОКИ 13 ПАК НАПРАВИ ХАОС ЗАШТО НЕ МОЖЕШЕ ДА ИЗРАЗИ СОЧУВСТВО!

Судскиот совет на Кривичниот суд на седница одржана на 30 минатиот месец го одбил барањето на Бојан Јовановски првообвинет во случајот “Рекет 2” со кое барал изземање на судечкиот судија Софче Гаврилова-Ефремова. Ова на денешното рочиште беше соопштено од самата судијка по добиената писмена одлука од претседателот на Основниот суд Скопје 1. објавува Слободен печат.

На почетокот на денешното рочиште во овој случај Јовановски од судечкиот судија побара можност да изрази сочувство за починатиот заменик градоначалник на Скопје, Енвер Малиќи, кој почина од коронавирус, барање кое му беше одбиено бидејќи не му е дадено правото за збор. Судијката Гаврилова-Ефремова до Јовановски на записник упати писмен укор и последна опомена да не зборува кога не му е даден збор, во спротивно ќе биде истеран од судница.

Откако пропаднаа обидите на Јовановски да дојде до збор, тој се смири, по што се создадоа услови за продолжување на главната расправа на процесот.

Во случајот Меѓународен сојуз се обвинети Бојан Јовановски за измама и перење пари, а за истото дело се обвинети уште и Јасна Ерцеговиќ и Кристина Блажевска, поранешната пратеничка Фросина Ташевска Ременски за измама, додека таткото на Бојан, Миле Јовановски е обвинет за перење пари и неовластено држење и трговија со оружје.

Судскиот процес го води судечки совет составен од двајца поротници и судијката Софче Гаврилова-Ефремова која беше втора судијка и во случајот „Рекет“.

најчитани вести

Македонија

Десната рака на Христијан Мицкоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Александар Николовски, на последното гостување на ТВ Алфа, го обвини Зоран Заев дека е...

Македонија

Последените настани во односите помеѓу Македонија и Бугарија, заострената реторика на бугарските власти, навредите од Каракачанов и интервјуто на премиерот Зоран Заев, ги зголемија...

Свет

Бил Гејтс, милијардер, основач на „Мајкрософт“ и филантроп, ги сподели своите размислувања за иднината на глобалните пандемии во својот подкаст „Бил Гејтс и Рашид...

Забава

Ќерката на Цеца Ражнатовиќ, Анастасија Ражнатовиќ ги запали социјалните мрежи кога во кусите приказни на „Инстаграм“ објави видео додека се капе во запенета када....