6 C
Skopje
сабота, април 17, 2021
spot_img

МЕРКЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД МАКЕДОНИЈА: Сеуште има шанси!

Македонија се уште има шанси да ја одржи првата Меѓувладина конференција со ЕУ оваа година, во текот на германското претседавање со ЕУ, изјави канцеларката Ангела Меркел на денешната видео-конференција со парламентарците од европскиот континент, објави Дојче Веле на македонски јазик.

Сепак, канцеларката рече дека тие се соочуваат со потешкотии во врска со одржувањето на меѓувладината конференција и дека се уште постои потреба од преговори меѓу Бугарија и Македонија..

-Се соочуваме со потешкотии да овозможиме одржување на меѓувладината конференција со Македонија, рече Меркел. Албанија, како што кажа, направи голем напредок, но особено е во прашање дали ќе успееме навреме со Македонија, затоа што се уште постои потреба од преговори меѓу Бугарија и Македонија.

Подоцна, одговарајќи на прашање на пратениците, Меркел рече дека се надева дека Македонија годинава ќе ги започне преговорите, додека Албанија ќе мора да почека.

-Во случајот на Албанија, прашањето е малку поинакво. И покрај напредокот, не можам да ветам дека тоа ќе се случи оваа година, но многу наскоро, рече канцеларката на виртуелниот состанок со парламентарните комитети на земјите членки на ЕУ.

Меркел пред парламентарците рече дека му се посветува големо внимание на регионот на Западен Балкан, и дека таму „има тензии, но има и напредок“. Според неа, Берлинскиот процес се покажал како добра иницијатива која дава резултати.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести