Connect with us

Hi, what are you looking for?

Спорт

ЛШ: Уште четири екипи вечерва можат да го потврдат осминафиналето

Вечерва започнуваат натпреварите од претпоследното 5. коло во групната фаза од УЕФА Лигата на шампионите. Турнирот влегува во одлучувачка фаза во која некои тимови сè уште можат да го заверат своето место во 1/8-финалето, додека други ќе се збогуваат со надежите за европска пролет.

Шест екипи веќе се квалификуваа во елиминациската рунда – Баерн (Минхен), Манчестер Сити, Челзи, Севиља, Барселона и Јувентус. По денешните средби, уште четири екипи можат да им се придружат во пролетниот дел од натпреварувањето.

Во групата „А“, Баерн не е веќе само во 1/8 финалето, туку го потврди и првото место во групата. Затоа, Баварците ќе играат за својата чест против Атлетико Мадрид, кому, пак натпреварот му е важен за битка за второто место кое обезбедува место следната рунда. На другиот натпревар, Локомотив (Москва) со победа над РБ Салцбург може да остане во игра за второто место.

Во групата „Б“ е многу поинтересно и секоја од екипите има надежи за продолжение на натпреварувањети. Борусија Менхенгладбах е во најдобра позиција. Германците можат да се квалификуваат во следната рунда уште денеска доколку го совладаат Интер, па дури и реми може да им биде доволно, се додека Шахтјор не победи против Реал Мадрид.
Во групата „Ц“ веќе имаме сигурен осминафиналист во името на Манчестер Сити. Сепак, „граѓаните“ тешко дека ќе го потценат денешното гостување кај Порто, бидејќи ова е директен судир за првото место во групата.

Во групата „Д“ исто така е доста интересно. Сепак Ливерпул е во најдобра позиција и може да се квалификува во осминафиналето вечерва доколку не загуби од Ајакс, а победа дури би ја гарантирала и првата позиција. Ајакс и Аталанта заостануваат само два бода зад Ливерпул и исто така ќе ја продолжат битката за второто место до последното коло.

Лига на шампиони

5 коло 

Група А

18.55 Локомотив Москва – Салцбург

21.00 Атлетико Мадрид – Баерн Минхен

Група Б

18.55 Шахтјор Донецк – Реал Мадрид

21.00 Борусија Менхенгладбах – Интер

Група Ц

21.00 Олимпик Марсеј – Олимпијакос

21.00 Порто – Манчестер Сити

Група Д

21.00 Ливерпул – Ајакс

21.00 Аталанта – Мидтјиланд

sportmedia.mk

најчитани вести

Македонија

Десната рака на Христијан Мицкоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Александар Николовски, на последното гостување на ТВ Алфа, го обвини Зоран Заев дека е...

Македонија

Последените настани во односите помеѓу Македонија и Бугарија, заострената реторика на бугарските власти, навредите од Каракачанов и интервјуто на премиерот Зоран Заев, ги зголемија...

Свет

Бил Гејтс, милијардер, основач на „Мајкрософт“ и филантроп, ги сподели своите размислувања за иднината на глобалните пандемии во својот подкаст „Бил Гејтс и Рашид...

Забава

Сексот се состои од момент, ситуација и енергија. Сè друго може да биде чиста импровизација. Водење љубов, секс, сексуален однос се поими кои немаат иста...