6 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

Извршен претрес, приведени двајца дилери

На 30.11.2020 oд страна на службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје се лишени од слобода  Ф.Г.(34) и Н.Ж.(45), двајцата од Скопје, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Претходно, по добиена наредба од судија на претходна постапка, извршен е претрес кај Ф.Г., кој бил затекнат во напуштен објект на  ул.„Босна и Херцеговина“, заедно со Н.Ж., при што кај нив биле пронајдени марихиуана и две ваги, која ја подготвувале во помали пакувања за улична продажба.

Ф.Г. и Н.Ж. биле приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде изготвен соодветен поднесок, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести