Откако заврши официјалниот дел од тениската 2020-та, „Тенис 365“ направи сумирање на финансиските придобивки за тенисерите во тековната година. Според овој сегмент, Новак Ѓоковиќ е тенисер кој инкасирал најмногу средства на својата сметка оваа година.
Српскиот тенисер успеа да ја заврши сезоната на чело на АТП по шестипат во кариерата. Тој ги освои Австралија опен, Дубаи, Синсинати и Рим, а собра вкупно 6.511.233 американски долари.
Второто место на списокот на тенисери со најголема заработка оваа сезона е за АвстриецотДоминик Тим, кој на својата сметка добил нешто повеќе од 6 милиони долари. Рафаел Надал е трет со инкасирани околу 3,9 милиони долари.
Во Топ 10 се наоѓаат и Данил Медведев, Александар Зверев, Андреј Рублев, Стефанос Циципас, Пабло Карењо Буста, Диего Шварцман и Роберто Баутиста Агут.