Целиот свет жали за заминувањето на најдобриот фудбалер на сите времиња, кој почина на 60-годишна возраст.
Тој почина од срцев удар.
Лука се грижеше за Марадона до последниот ден, но сега е обвинет и е под истрага.
Ќерките на Марадона – Далма, Џанина и Јана сведочеа за небрежноста и неодговорноста на хирургот, поради што беше покрената истрага против него.
Полицијата изврши рација во канцеларијата на Лука и неговиот дом и ги одзеде сите документи поврзани со третманот и грижата на Диего Армандо Марадона.
Во оваа акција учествуваа дури 60 полицајци.
Сè започнува од денот кога Марадона беше пуштен од болницата во Буенос Аирес, каде што беше опериран за крварење во мозокот.
Тој е обвинет дека не ги презел сите мерки за да му помогне на Марадона и дека бил предвремено ослободен од болницата, што на крајот довело до негова смрт, бидејќи тој немал соодветна грижа, како и соодветна и брза медицинска помош во времето кога му се слошило, по што починал.
Тој исто така е обвинет дека е главниот човек задолжен за грижа за Диего, не бил со Марадона кога се разболел.
Порталот „Ел Диа“ објави и дека е обвинет затоа што кога повикал брза помош, рекол дека станува збор за „60-годишен човек“, а не Диего Марадона, што ќе ја промени ситуацијата.
Судењето треба да започне во понеделник.