10 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

СДСМ: Наместо да измислува оправдувања, Мицкоски да каже за чии странски центри и интереси одработува

Соопштение за јавност од СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ се толку заробени во сопствената хистерија, што веќе не знаат каде тераат, не знаат што да кажат.

Наместо да измислува оправдувања и непосточеки работи, Христијан Мицкоски самопрогласениот хистеричен политичар треба да излезе пред јавноста и да одговори на важни прашања за јавноста.

Кој му ја дал оваа информацијата дека наводно викендов се распарчувала Македонија?

Дали лично му се јавија на Мицкоски или тоа одело преку посредници?

Ако знаел дека се спрема нешто опасно по државата зошто не пријавил во надлежни институции?

За кого одработува Христијан Мицкоски, за чии странски интереси, за кои центри?

Мицкоски, охрабри се и одговори на прашањата кои се важни за граѓаните.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести