Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

После 27 Април, Мицкоски ја доби претседателската фотеља во ВМРО-ДПМНЕ – Му треба ли нов 27ми за да ја добие премиерската ?

Последените настани во односите помеѓу Македонија и Бугарија, заострената реторика на бугарските власти, навредите од Каракачанов и интервјуто на премиерот Зоран Заев, ги зголемија апетите на Мицкоски кој секојдневно е ажуриран со информации дека сега е моментот да се стартува жестоко. Сценариото наликува на замислите на екипа на разузнавачи-оперативци кои знаат да продаваат само филмови во кој што некој друг треба да настрада за нарачателот да добие корист. За настаните од 27 Април се пишуваше многу, а неразјаснета остана улогата на Синиша Алексовски, разузнавач и советник на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов. Тој беше посочуван како контакт лице за странски разузнавачи кои беа затекнати во Собранието. Неговите врски и контакти со некои параструктури не беа докажани, иако се шпекулираше за такво нешто.
Активностите кои сега се преземаат многу наликуваат на активностите од 2017 година. Добри познавачи коментираат дека останува уште да се одбере жртва за сликата да биде комплетна. Засега прв фаворит за да ја преземе улогата на радикал е Димитар Апасиев, а негов пандан во ВМРО-ДПМНЕ би можел да биде Александар Пандов.
Планот кој нашите извори ни го посочуваат веројатно има 8 точки.

  1. Протести организирани од Христијан Мицкоски со умерена реторика и слаба посетеност.

2. Група на “независни” интелектуалци да повикаат на широк опозициски фронт и обединување на народот.

3. Апасиев и Левица да ја преземат улогата со радикална реторика и да се наметнат како предводници на промените.

  1. Тактика на “ЛОШ И ДОБАР ПОЛИЦАЕЦ” во која добриот Мицкоски ќе балансира кај меѓународниот фактор и лошиот Апасиев кој ќе пропагира “војна на народот против Заев”.
  2. Доколку Мицкоски успее да мобилизира луѓе, што е малку веројатно со оглед на фактот дека дури ни блиските соработници не му веруваат, последната и крајна цел би биле насилни и добро подготвени протести со потенцијален обид за влез во Владата. Група од поголем број на актуелни и поранешни вработени во МВР кои се “деградирани”, наводно биле подготвени да ја преземат улогата на Патриотските здруженија од 27ми Април.
  3. Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ треба да мобилизира радикални структури кои ќе служат за логистика и ќе бидат употребени за директен судир со полицијата во потребен момент со што би повлекле народна маса.
    7.”Виновникот” за таквата разврска би бил Апасиев кој како фактор за радикализација ќе биде политички елиминиран и натоварен со кривични пријави.
  4. Завршниот чин е Мицкоски да остане разумен и единствен опозициски лидер кој има контрола над целата опозиција и да повика на нов договор кој би резултирал со техничка влада и негова факторизација.

Според нашиот извор неколку точки се веќе се завршени и се пристапува кон крајната цел. Поранешниот советник на претседателот Иванов веќе е длабоко наметнат кај Мицкоски, а има блиски односи и со структурите на Апасиев, но и кај албанските опозициски партии од кои веќе се очекува да се приклучат на протестите со што наместо етнички карактер би добиле сенароден карактер.

Реализацијата на целото ова сценарио, мора да биде финансиски помогната, а во игра може да влезат само некој од најбогатите и најмоќни бизнисмени. Странски дипломати веќе посочуваа на интересите на бизнисменот кој требаше да биде бугарски конзул, но сеуште целата работа е во фаза на шпекулација.

Интерес и директна поддршка доаѓа и од одредени служби блиски до Каракачанов кои сметаат дека со таков притисок врз Заев полесно би ги оствариле своите цели.

Што и колку од планот ќе се реализира, останува да видиме во наредниот период.

најчитани вести

Македонија

Во Февруари 2015 година, Капетанот на луксузниот прекуокеански брод Коста Конкордија беше осуден на 16 годишна казна затвор. Франческо Скетино беше прогласен за виновен...

Балкан

Јосип Броз Тито често се состануваше со многу светски лидери и на патувањата го дочекуваше најсвечен пречек, а начинот на кој го пречекаа во...

Македонија

Третиот столб од програмата со која настапи Мицкоски на вонредниот конгрес во Валандово, кој се однесува на зголемување на коалициските капацитети на партијата не...

Македонија

На 24.12.2020 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога и СВР Скопје околу 21.30 часот извршија претрес на дом,...