Стојанче Ангелов на твитер го покани Апасиев на кафе и веќе денес објави дека оствариле средба.
Во тек е процесот на подготовка на турско кафе за народниот пратеник, професорот Апасиев.
— Stojanche Angelov (@StojanceAngelov) November 30, 2020
Без шеќер со тоа што сигурно ќе преврие додека пишувам.
Со кафето ќе слушаме убава, стара македонска музика со интересен а богами и контраверзен текст. pic.twitter.com/MSe27q9xVz
По средбата се огласи Ангелов кој раскажува како поминала средбата.
- На средбата со професорот Апасиев слушавме неколку македонски народни песни во кои се опеани и некои контраверзни но значајни ликови од левицата и десницата на Организацијата. Се разбира дека малку продускутиравме за нив.
Следното кафе во Собраниското бифе.- пишува на твитер Стојанче Ангелов.