Connect with us

Hi, what are you looking for?

Спорт

Херојот на Сенегал oд СП 2002 почина на 42 години

Поранешниот сенегалски напаѓач Папа Буба Диоп, стрелецот на оној гол за својата репрезентација во победата над Франција на Мундијалот 2002 година почина во Париз на 42 години после борба со опасна  болест под името Шарко-Мари-Тут.

Тоа претставува група на нарушувања кои предизвикуваат дефекти во нервите на вашите раце и нозе. Овие дефекти на нервите може да предизвикаат мускулна слабост, атрофија и сензорна загуба.

Папе Диоп беше член на Ленс и играше на дуелот со Цементарница 55 во Лига Европа во 2003 година. Потоа тој играше уште за Фулам, Портсмут, АЕК Атина, Вест Хем, а кариерата ја заврши во Бирмингем во 2013 година.

За Сенегал играше седум години и запиша 63 натпревари.

Тој беше дел од златната генерација на Сенегал која стигна до четвртфиналето, а на отворањето токму со неговиот гол „лавовите“ го победија тогашниот светски шампион Франција со 1:0.

најчитани вести

Свет

Шесмина луѓе, воглавно лекари, денеска се уапсени во Кина поради кражба на органи на починати пациенти, соопштиле локални медиуми. Криминална група ги лажела семејства на...

Забава

Марија Сол Перез, аргентинската водителка е една од најатрактивните жени во светот, а посилниот пол никогаш не е рамнодушен на нејзините фотографии и снимки...

Свет

Тие предвидуваат дека огромни проблеми ќе се појават кога хакерите ќе ја зафатат технологијата Neuralink! Експертите предупредуваат дека чиповите што ќе бидат всадени во...

Македонија

Интервјуто на Зоран Заев за бугарски БГНЕС и првичните реакции во јавноста ги зголемија апетитите на двајцата најзаинтересирани за абдицирање на првиот човек на...