13 C
Skopje
петок, април 16, 2021
spot_img

ТАЖНА ВЕСТ: Почина Миша Алексиќ гитаристот на „Рибља чорба“

Гитаристот на рок групата „Рибља чорба“, Мирослав Миша Алексиќ почина на 67-годишна возраст.

Тој се бореше со коронавирусот, а неговата состојба се влошила и бил пренесен на апарати за дишење.

Неговата ќерка Мина Алексиќ неодамна објави емотивен статус на социјалната мрежа Фејсбук.

– Мој Миша заболе од ковид и веќе е на апарати за дишење на 3-ти ден. Секој час е негова борба за живот, како и моја и на  мајка ми за него. Луѓето што го сакаат и го почитуваат како мајстор на рокот овие денови се со нас и веруваат дека ќе го победи Ковид. Сите мислевме дека е шега и до пред две недели седевме со семејството на ручек и се смеевме како не сакаме да носиме маски и да зборуваме за тоа каде ќе се забавуваме или ручаме. Сега сум со двајцата родители во болницата. Преплашена ама верувам храбро во среќа и добра енергија. Ве молам зарадди Мша да праќаме најсилна енергија до универзумот што побзо да го видиме на сцена со гитара! , напиша Мина Алексиќ покрај заедничката фотографија со нејзиниот татко

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести