14 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

КОРОНА ВИРУСОТ Е “СПУТНИК МОМЕНТ” НА НАШАТА ГЕНЕРАЦИЈА

Човештвото овој пат дури имало и среќа, според панелистите на Економскиот форум Блумберг. Шансата да заболите од Ковид според нив не е повеќе од 3 проценти, додека процентот на луѓе кои можат да заболат од најзаразниот вирус е 100 проценти, тврди Ванг Линфа, директор на програмата за инфективни болести на медицинското училиште Дјук НУС во Сингапур.

На последниот ден од Булберговиот форум, тројца ловци на вируси седнаа и го направија најцрното сценарио, а годинашната пандемија со 1,3 милиони смртни случаи не е ни близу до тоа.

Постои некаква луда иронија во фактот дека целиот човечки вид може да биде избришан од планетата со вирус кој демне од пештерата на лилјакот, а светот не прави ништо за да ги открие овие патогени микроорганизми.

Дали Ковид ќе биде повик за будење?

Глобалната економија беше веќе погодена од САРС, МЕРС и птичји грип. Околу 30 милиони луѓе починале од ХИВ инфекција, но сепак сме изненадени секогаш кога ќе се појави нов вирус и, како по правило, го примаме неподготвени.

Сепак, постои една охрабрувачка работа по овогодинешниот форум, а тоа е дека во длабоко поделениот свет, сè уште постои заедничка свест за најголемите проблеми што го тресат човештвото.

На пример, постои консензус дека носители на економското закрепнување од пандемијата треба да бидат зелените инвестиции и скоро сите се согласуваат дека финансиските системи треба да бидат поддржани од мали бизниси, а не од берзи. Никој не се спротивставува на идејата за зајакнување на јавниот здравствен сектор во иднина.

Она што загрижува е дека нашата подготвеност да финансираме решенија не се во согласност со заканата. Се повеќе мртви, загуби од милијарди долари, десетици милиони луѓе втурнати во сиромаштија, доведоа до релативно скромни инвестиции во научни истражувања.

Како да излеземе од амбисот?

За почеток, меѓународната заедница треба да ја зајакне Светската здравствена организација, која во моментов има буџет колку малку поголема американска болница. Панелистите на овој форум беа прашани што би сториле ако сега имаат бланко чек во своите раце, дали  ќе инвестираат пари во седиштето.

– Јас би го вложил во зголемување на капацитетот за производство на вакцини – рече Стефан Бансел, еден од водечките луѓе на Модерна, компанија која ја комплетира евалуацијата на потенцијалната вакцина против Ковид.

Ву Жунју, главен епидемиолог на кинескиот Центар за контрола на болести, ќе се фокусира на давање пристап на луѓето до јавното здравје. Реџина Дуган, директор на компанијата „Wellcome Leap“, предвиде дека Ковид ќе доведе до огромни глобални инвестиции во здравството.

– Ова е Спутник, моментот на нашата генерација – рече таа.

Експертите веруваат дека за секој долар инвестиран во здравствена заштита, добивате два до четири долари економски профит.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести