Бора Ѓорѓевиќ, фронтменот на „Рибља чорба“, преку фејсбук групата на неговиот бенд се прости од својот долгогодишен пријател Мишо Алексиќ, бас гитарист на групата.
„Мојот брат, Миша, почина утрово. Тој се бореше како лав до последниот здив. Заедно свиревме 42. години и не можам да замислам да го нема. 42. години никогаш не сме се погледнале грдо, а камоли да сме се скарале. Не можам да замислам свирка без него. Се согласивме да умреме на сцената, а тој побрза. Ти благодарам брат за сè. Бора“, објавена е пораката на Ѓорѓевиќ на официјалната страница на „Рибља чорба“.
Миша бил заразен со коронавирус, а од 13 ноември бил на лекување во КБЦ „Бежанијска коса“, а неодамна неговата состојба се влошила и завршил на респиратор. Тој почина денес.