4 C
Skopje
петок, април 16, 2021
spot_img

И официјално, ЕХФ го одложи и дуелот меѓу Порто и Вардар 1961

Откако беше откажано гостувањето кај ПСЖ планирано за 1 декември поради појава на Ковид-19 меѓу неколку членови на тимот, одложен е и вториот натпревар што требаше да го играме, против Порто на 4 декември во Португалија.

“Со оглед на тоа што се работи за две врзани гостувања очекувано беше дека и двете гостувања ќе бидат одложени и ќе се бара друг датум на одигрување на натпреварите во согласност со екипите и ЕХФ.

По враќањето од Келце, Полска каде Вардар 1961 во средата го одигра својот меч од ЕХФ лигата на шампионите, еден наш ракометар се пожали на зголемена телесна температура. Истиот беше тестиран по што беше утврдено дека има позитивен тест.

Веднаш беше тестирана целата експедиција што беше во Полска и позитивни тестови имаа уште неколку наши членови. Според протоколите сите ќе бидат во 14 дневна изолација како што е прошишано од здравствените власти”, велат од Вардар 1961.

До крајот на првиот дел од сезоната во ЕХФ лигата на шампионите останува според планот да се игра средбата со ПСЖ на 10 декември во Скопје. Одложени се досега четири средби на ВАрдар 1961 во групната фаза од ЕХФ лигата на шампионите: Со Елверум во Скопје, и три гостински натпревари, со ПИК Сегед, ПСЖ и Порто.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести