6 C
Skopje
сабота, април 17, 2021
spot_img

ДА БЕШЕ ПИНОКИО, ЌЕ ЈА СКРШЕШЕ КАМЕРАТА – Мицкоски лаже дека разговарал само со конструктор на турбини од Москва

Сомнителните постапки на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кога станува збор за интеграциите на Македонија во НАТО и ЕУ, изминатиов период и во дипломатски кругови и во македонската јавност отворија дилеми околу неговата ориентација и мотивите за отсуството во процесите. Поранешниот германски амбасадор, но и други познавачи јавно изразија сомнеж за можно руско влијание.
Последен кој го отвори прашањето за фасцинацијата на Мицкоски од Москва и Белград беше Љубчо георгиевски, негов претходник на чело на ВМРО-ДПМНЕ.

„Може секој сешто да каже. Јас имам одговорност. Јас го разбирам . Коалиционен партнер е на Зоран Заев. Прашајте го Љубчо колку пати бил во Москва. Дали знае за бизнисите на Заев, дека тој сериозно работи на руски пазар. Јас лично никој пат не сум бил во Русија ниту пак познавам човек од таму. Навистина би сакал ако имам ожност да ја посетам. Да бидам до крај искрен, запознав еден човек од Русија. Не беше од Москва. Чинам од друг град беше, кој што беше главен конструктор наглавната турбина во Битола па разговаравме на стручна основа. Егзибиционисти на политичката сцена има многу кои мислат како да го навредат Христијан.“, изјави Мицкоски во неодамнешното интервју во ТВ21.

Зошто има потреба Мицкоски да лаже ?

Главниот конструктор на турбината во Битола не е единствениот човек од Русија кој што го запознал. Мицкоски остварува средби со руските амбасадори, а дел од тие информации, барем што се однесува на официјалните состаноци и самиот ги споделувал.
Во јануари 2018 година, една од првите средби откако станува прв човек на партијата му е со рускиот амбасадор, кој патем не е главен конструктор на турбината во Битола.


„Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оствари средба со амбасадорот на Руската Федерација Олег Шчербак. На средбата се разговараше за односите на Република Македонија со Руската Федерација како и за актуелната политичка и економска состојба во Македонија. Мицкоски во разговорот го информираше својот соговорник за реваншизмот кој власта го спроведува кон опозицијата, односно дека неоправдано во притвор од страна на актуелната власт се држат 6 пратеници од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, што претставува 12% од самата коалиција или 5% од вкупниот број на пратеници. Од страна на претседателот Мицкоски беше нагласено дека и покрај забелешките кои ги имаше Народниот правобранител за начинот на притворање и целата процедура со која се спроведуваа народните избраници до судот, до сега нема никаква одговорност од страна на актуелната власт. Мицкоски со амбасадорот на Руската Федерација Олег Шчербак разговараше и за економските проблеми со кои се соочува Македонија по доаѓањето на новата власт, односно за економските показатели кои се во надолен тренд изминативе неколку месеци“.
На почетокот на годинава, Мицкоски се среќава и со новоименуваниот руски амбасадор Сергеј Баздникин, кој исто така не е главен конструктор на турбината во Битола.

„На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба во државата, стратешките определби на Република Македонија и претстојните парламентарни избори. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека главна стратешка определба на партијата и Република Македонија е членството во Европската Унија. Тој додаде дека новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ има план како преку забрзани реформски процеси да ја стави Македонија на брзата трака за членство во Унијата и да ја приближи државата до европскиот стандард. Покрај членството во Европската Унија, еден од приоритетите на новата Влада ќе биде развојот на економијата и подорувањето на економската клима во државата. Тој потенцираше дека новата Влада ќе биде отворена за соработка со странските инвеститори и е спремна за подобрување на соработката на економски план. Во однос на предвремените парламентарни избори, соговорниците се согласни дека демократски и фер изборен процес ќе е клучен за иднината на Република Македонија. Мицкоски посочи дека корупцијата и неказнетиот криминал се сериозен проблем со кој владата не се справува. На законот за јавното обвинителство кој го турка власта гледа како механизам за заштита на криминалот преку зголемена политичка контрола на обвинителниот сектор. Тоа не смее да се одобри, туку да се поддржи решение кое ќе обезбеди независност“, информираа тогаш од ВМРО-ДПМНЕ.

Медиа веќе информираше за неодамнешниот излет на Мицкоски до Белград, а ниту тој , ниту партијата не сакаа да коментираат каде, со кого и заради која причина се среќавал.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести