6 C
Skopje
сабота, април 17, 2021
spot_img

Вечерва бокс спектаклот – Тајсон против Џонс

Петнаесет години откако се пензионира, поранешниот боксерски шампион Мајк Тајсон се враќа во рингот. По неколку месечни интензивни подготовки „Железниот Мајк“ ја врати формата и е спремен за бокс-меч, овојпат егзибициски наречен „ Frontline Battle“, а неговиот противник е уште една боскерска легенда Рој Џонс џуниор.

Мајк е еден од најпознатите боксери на сите времиња. Во својата прва година како профи-боскер имаше рекорд од 15-0, а сите победи му беа со нокдаун. Тој имаше 20 години и четири месеци кога стана најмладиот шампион во полутешка категорија. Инаку кариерата ја заврши со скор од 50-6, а 44 од тие 50 победи му беа со нокдаун. Последната борба му беше во 2005 кога загуби од Кевин Мекбрајт.

Џонс џуниор е поранешен боксерски шампион со рекорд од 66-9. Неговата последна борба беше во 2018 година против Скот Сигмон.

„Среќен сум што пред да умрам ќе боксувам со големиот Мајк Тајсон. Ми се исполни најголемата желба“, изјави Џонс џуниор за Си-Ен-Ен.

Инаку ова е најавен како егзибициски меч во осум рунди, иако правилата велат дека може да заврши со нокдаун. Секоја рунда ќе биде 60 секунди помалку од вообичаено – 2 минути место 3. Бидејќи е егзибициски меч, значи на победникот нема да му припадне титула, но ќе добие појас специјално дизајниран за оваа борба.

Борбата е закажана во „Стејплс центарот“ во Лос Анџелес ноќта меѓу сабота кон недела по македонско време.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести