20.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Влатко и Нестор позитивни на КОВИД-19

Македонските репрезентативци Илија Несторовски и Влатко Стојановски се позитивни на коронавирусот КОВИД-19. За Нестор кружеа информации дека тој е позитивен на коронавирусот откако не се најде на списокот на играчи на Удинезе за мечот со Џенова во Серија А и мечот од Купот против Фиорентина. Нестор е изоставен од екипата и пратен во изолација.

И напаѓачот Стојановски кој игра за францускиот второлигаш Шамбли како позајмен од Ним исто така има позитивен тест на коронавирус и тој оди во изолација.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести