Иако со години наназад дел од реалити-шоу програма, Лепа Лукиќ решила да стави точка на ова поглавје од својот живот.
“Не се враќам повеќе во реалити. Ова е четврти пат да влегувам на секои два месеца. Никогаш подолго не сум останувала, бидејќи неможам долго да бидам затворена“, открила пејачката.
“Многумина зборуваа дека нема да излезам поради корона вирус бидејќи сум внатре заштитена, каква врска има тоа. Ништо не ми фали“.
Освен тоа, Лепа истакналадека покрај смрта на колегата Боро Дрљача, ја погодила и смрта на глумецот Иван Беќарев
“Се изненадив кога слушнав дека Иван Беќарев умрел. Јас се чувам, не го симнувам визерот и маската, што би рекле други, и кога спијам. Сама одам во продавница, ако ми е судено, ќе умрам“, додала Лукиќ, пренесуваат медиумите.