Граѓаните од шветскиот град Трелеборг биле зачудени кога виделе розово небо над куќите, а како што се наведува, причина била блиска фарма за произвотсво на домати.
Имено, фармерите одлучиле да користат ново осветлување, со кое ќе штедат на енергија, и тоа е причината што целото небо биде во розова боја, кое навечер делувало како призор од научнофанатастични филмови.
Како што се наведува, светлината која паѓа врз билките би требала да биде добра за нив и ќе помогне во произвотството. Меѓутоа мештаните не се задоволни, со што работниците на фармата морале да ги исклучат светлата од 17 до 23 часот.
“Иако тоа ќе биде чекор назад, светлата ќе ги исклучиме во вечерните часови. Не мислевме дека луѓето ќе се налутат, само сакавме да заштедиме на струја и да го подобриме растот на доматите“, навеле сопствениците за произвотство на домати “Алфред Петерсон и синот“.
