Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

АКЦИЈА НА ПОЛИЦИЈАТА – УАПСЕНИ ДВАЈЦА, ЗАПЛЕТЕНИ 36 КИЛА МАРИХУАНА

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал- Единица за недозволена трговија со дрога при Бирото за јавна безбедност до ОЈО Велес поднесе кривична пријава против А.И. (59) и З.М. (52), двајцата од Куманово,  за сторено кривично дело – „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по член 215 ст.1  од Кривичниот законик на Република Северна Македонија. А.И. и З.М. од Косово набавиле марихуана заради понатамошен транспорт до Р.Турција,  со цел стекнување на противправна имотна корист.

На 04.11.2020 тие отпатувале во Косово за да ја преземат марихуаната, по што се вратиле во Северна Македонија, а товарното возило во кое била марихуаната по насоки на А.И. било паркирано на договорена локација во Скопје. На 09.11.2020 З.М. по инструкции на А.И. тргнал за Турција при што на автопат Скопје-Велес изгубил контрола над возилото и излетал од патот.  Од страна на полициски службеници од ЕНТД извршен е преглед на товарното моторно возило при што во истото пронајдена е марихуана. Пронајдената марихуана е предадена за вештачење и утврдено е дека е со вкупна нето тежина од 36 кг. Лицата се лишени од слобода и изнесени пред судија на претходна постапка, пришто одредена име мерка притвор во траење од 30 дена.

најчитани вести

Забава

Пејачката објавила видео кое ги “вознемири“ сите. На Јелена Карлеуша и недостасува летото, а на нејзините следбеници голотија на Инстаграм. Пејачката на својот Инстаграм...

Забава

Светски познатата поп дива, Мадона, ги загрижи обожавателите со својот последен пост на социјалната мрежа Instagram. Познато е дека Мадона имала одредени естетски зафати...

Македонија

Денеска (26.11.2020) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога во координација со Надворешната канцеларија за криминалистички работи при...

Македонија

Три дена по ред ВМРО-ДПМНЕ се произнесуваше за лампионите на Шилегов, одговараше за буџетот, оставаше перници пред Министерството за дравство па дури и свикуваше...