19.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Еве која е првата европска земја која забрани рекламирање на брза храна на интернет

Во последно време, сè повеќе има ресторани за брза храна ширум светот, за жал, се повеќе се подостапни за децата кои генерално се хранат нездраво. Проблем се и пекарите што се достапни на секој чекор, нередовни оброци, слатки.

Со цел да се спречи понатамошното ширење на детска дебелина, некои компании имаат иницијатива за забрана за рекламирање на брза храна преку Интернет, така што децата ќе ја „апсорбираат“ таа содржина што е можно помалку.

Имено, дебелината кај децата расте со децении. На пример, нивната прекумерна тежина драматично се зголеми во периодот по 1975 година, кога беше 4 проценти, на повеќе од 18 проценти, како во 2016 година, а земени во  предвид се децата на возраст од пет до 19 години.

Генерално, раководителите на британските компании Бритвиц, Келог и Марс дадоа „зелено светло“ на напорите на владата на таа земја да ја намали дебелината кај децата. Владата има за цел да им помогне на семејствата, да направат поздрав избор.

На почетокот, планот беше да се забрани какво било рекламирање брза храна на ТВ или Интернет пред 21 часот, но тоа беше малку „засилено“ во ноември. Се претпоставува дека Борис Џонсон завршил во болница поради „ковид-19“, а тој смета дека компликацијата е поврзана со фактот дека тој е дебел.

Овој предлог, кој сè уште е во фаза на разгледување, може да воведе некои од најстрогите ограничувања на дигиталниот маркетинг во светот до крајот на 2022 година.

Компаниите нема да можат да промовираат храна богата со маснотии, сол или шеќер, во реклами на Фејсбук, платени резултати од пребарување на Гугл, ПР-текстови или објави на Твитер и Инстаграм.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести