Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

ТРАМП ПОМИЛУВА МИСИРКА: “Корн, со ова ти давам целосно помилување”

На церемонијата во Роуз Гарден, во Белата куќа, товената мисирка по име Корн доби годишно претседателско помилување пред Денот на благодарноста, што се слави во САД во четвртокот.
„Корн, со ова ви давам целосно помилување“, рече американскиот претседател Доналд Трамп, придружуван од првата дама Меланија Трамп и други гости.

Братот на мисирката Корн, Коб, ја немал таа среќа. Белата куќа спроведе анкета на Твитер, барајќи од следбениците на таа социјална мрежа да наведат која од двете мисирки Трамп треба да ја помилува, пишува Гласот на Америка.

Мисирките што се одгледуваат и дебелеат до одредена големина ги одгледуваше Рон Кардел, претседател на Националната федерација за мисирки и одгледувач на мисирки, со пченка и соја од шестата генерација од Волкот, Ајова.

Според веб-страницата на Белата куќа, мисирката Корн, чија омилена закуска е слатка пченка, се извела на 20 јули 2020 година и тежи нешто повеќе од 19 килограми. Како што се практикуваше од 1947 година, двете мисирки беа презентирани пред јавноста претходниот ден во хотелот Вилард Интерконтинентал во Вашингтон, каде птиците имаа своја соба.

Традицијата земјоделците да даруваат мистрки за Денот на благодарноста датира од 1870-тите, но според веб-страницата на Белата куќа, земјоделците испратиле толку многу мисирки што во 1923 година, тогашниот претседател Келвин Кулиџ ги обесхрабрил земјоделците да не ги испраќаат повеќе.

Сепак, традицијата веќе беше повторно воспоставена и до 40-тите години на минатиот век, земјоделците повторно испраќаа мисрки кај претседателот. Првиото официјално помилување на мисирка беше направено во 1989 година од страна на претседателот Џорџ В. Буш.

Сите мисирки на крајот се изложени на разни универзитетски ветеринарни школи.

Трамп рече дека Корн и Коб ќе одат на Државниот универзитет во Ајова во Ејмс и ќе бидат изложени од 5 декември.

најчитани вести

Македонија

После подолг период американската амбасадорка Кејт Мари Брнс се појави со интервју во македонските медиуми и тоа токму на Телевизија Телма, која минативе неколку...

Македонија

Откако гласноговорникот на антинато движењето во Македонија и еден од фронтмените на “Бојкотирам”, Љупчо Палевски повика војната на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да...

Свет

Шејн Волтерс од Барнли ќе ги помине следните две години во затвор за сексуално злоставување на невини кокошки. Волтерс, инаку работник во супермаркет, доби...

Македонија

Еден од ретките кои што профитираа од инцидентите на 27 Април, а веројатно и единствен во ВМРО-ДПМНЕ е Христијан Мицкоски. После немилиот настан следуваа...