Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

РЕШЕНА ЕДНА ОД МИСТЕРИИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА КЕНЕДИ

Атентатот врз американскиот претседател Џон Кенеди опкружува голем број теории на заговор и митови, а една од нив сега е разбиена, тврди Гонзало Солтеро, професор на Националниот автономен универзитет во Мексико (УНАМ).

Американскиот претседател Џон Кенеди беше убиен на 22 ноември 1963 година во Далас, а за убиство беше обвинет Ли Харви Освалд, кој исто така подоцна беше убиен пред ТВ камерите.

Некои истражувачи за убиства го поврзаа патувањето на Ли Харви Освалд во Мексико Сити, непосредно пред убиството на Кенеди.

Освалд патувал со автобус од Тексас до Мексико Сити на 27 септември и се вратил на 2 октомври 1963 година, помалку од два месеци пред атентатот врз Кенеди.

Некои истражувачи тврдеа дека Освалд ги посетил амбасадите на Куба и Советскиот Сојуз за време на неговиот престој во Мексико Сити и дека неговата посета на Мексико има врска со атентатот.

Сепак, мексиканскиот професор Гонзало Солтеро, во авторски текст на порталот „Conversation“, ги презентира деталите од неговото истражување што ја побива таквата теорија.

Солтеро наведува дека Мексико беше едно од ретките места на Западната хемисфера за време на Студената војна каде двете спротивставени страни „коегзистираа повеќе или помалку отворено“, бидејќи таа земја имаше добри односи и со Западот и со Истокот.

Според него, кубански и советски дипломати сведочеле дека Освалд се обидел да ги посети нивните амбасади, барајќи виза за тие земји. Бидејќи беше одбиен и во двете, тој дури предизвика и инциденти, кои им се познати на тајните служби и на САД и на Мексико.

Сепак, тајна останаа три дена од неговата посета, по одбивањето во амбасадите.

Веќе во 1967 година, четири години по убиството на Кенеди, се појави теорија дека Освалд стапил во контакт со Мексиканците кои биле во левата страна на поделбата на Студената војна во тие три дена.

Теоријата се појавила кога Бенџамин Рајли, американски конзул во мексиканскиот крајбрежен град Тампико, разговарал со локални новинари, пишува мексиканскиот професор.

Еден од новинарите беше Оскар Контрерас Лартиг, новинар за весникот “El sol de Tampiko”, кој изјави дека конзулот се сретнал Освалд во 1963 година како студент по право во Мексико Сити.

Контрерас му рекол на конзулот дека е во студентска група која го поддржува Фидел Кастро и го запознал Освалд таму, објаснува професорот Солтеро. Според Контрерас, Освалд поминал два дена со студентите, а потоа повторно ги сретнал во кубанската амбасада, но тој не сакал да зборува за други детали „во страв за својот живот“. Контрерас исто така му рекол на конзулот дека „кога слушнал за убиството на Кенеди, му кажал на својот уредник дека се сретнал со Освалд“.

Така овој мексикански новинар го доведе Ли Харви Освалд во контакт со Куба на Кастро.

Тој беше испрашуван и од ЦИА, но Контрерас не откри повеќе детали за време на шестчасовниот распит, освен што не слушнал од Освалд да го спомне атентатот, туку само за тоа како „мора да оди на Куба“, наведува Солтеро.

Друг распит Контрас имал во 1978 година, кога членот на Конгресната комисија што го истражуваше убиството, Дан Хардвеј отпатува во Мексико за да разговара со него. Сепак, Хардвеј не успеа да се сретне со Контрерас, но тој изјави дека неговото сведочење не треба да се одбива, пишува мексиканскиот професор.

За Контрерас се повикуваат и други истражители кои биле вмешани во атентатот врз Кенеди, а некои дури изјавиле дека ги открил дека Освалд имал многу важни контакти со кубански агенти во Мексико.

Мексиканскиот професор Гонзало Солтеро изјавува дека Контрерас починал во 2016 година, пред почетокот на неговото истражување, па затоа не можел да разговара директно со него за тоа. Сепак, како што додава, истражувајќи ги податоците за него, тој забележал дека важните работи од приказната на Контрерас за Освалд не се согласуваат.

Така, Контрерас се преселил во Тампико, каде што работел како новинар, во 1964 година. Сепак, тој рече дека веднаш по атентатот, му рекол на неговиот уредник за неговото запознавање со Освалд. Солтеро наведува дека студентските весници не се многу чести во Мексико, особено за некој што студира право, па се поставува прашањето како Контрерас, како студент во 1963 година, можел да има уредник.

Сепак, ова не е единствениот недостаток на целата приказна. Професорот Солтеро истражувал понатаму, сметајќи дека станува збор за весник во Тампико, оддалечен 480 километри од Мексико Сити, каде работел Контрерас. Таму дозна дека Контрерас пишувал колумна за озборувања од јуни 1963 година, и тоа го стори и во текот на септември и октомври.

  • Додека Ли Харви Освалд бил во Мексико Сити, Контерас беше во Тампико, оддалечен 480 километри. Таму пишуваше за локални свадби, екскурзии на локалното високо општество на јахти и слични теми. Затоа верувам дека тој всушност не бил во Мексико Сити во исто време со Ли Харви Освалд, изјави Солтеро.

Тој додава дека постојат некои други теории за Мексико, како на пример дека Освалд имал мексиканска љубовница која го поврзувала со комунистички шпиони, но дека, според неговото верување, најверојатно доаѓањето на Освалд во Мексико Сити нема никаква врска со неговиот атентат. на Кенеди.

најчитани вести

Свет

Шејн Волтерс од Барнли ќе ги помине следните две години во затвор за сексуално злоставување на невини кокошки. Волтерс, инаку работник во супермаркет, доби...

Македонија

После подолг период американската амбасадорка Кејт Мари Брнс се појави со интервју во македонските медиуми и тоа токму на Телевизија Телма, која минативе неколку...

Македонија

Откако гласноговорникот на антинато движењето во Македонија и еден од фронтмените на “Бојкотирам”, Љупчо Палевски повика војната на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да...

Македонија

-Воспоставениот систем во зградата на интерни клиники покажа дека добро функционира. Дава резултат во поголем број на оздравени пациенти, но и доволен број на...