Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Мицкоски ја игнорира американската амбасадорка Брнс и ги заладува односите со САД

Три дена по ред ВМРО-ДПМНЕ се произнесуваше за лампионите на Шилегов, одговараше за буџетот, оставаше перници пред Министерството за дравство па дури и свикуваше вонредни прес конференции за да ја информира јавноста за нешто што партијата го видела на фејсбук, но ниту Мицкоски, ниту некој од портпаролите не виде причина да ја прокоментира изјавата на Амбасадорот на САД во земјава Кејт Мари Брнс.

„Дури и Сотир Костов или Ристо Никовски можеа да го подучат првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ дека Амбасадата на САД не е баш некоја амбасада чии пораки е препорачливо да се игнорираат“, вели за media.mk извор од партијата. Истиот извор ни посочува дека Мицкоски со своето однесување ја загрозува сопствената политичка кариера, но ја загрозува и перспективата на партијата. Нашиот извор вели дека не сака и не може да верува дека Мицкоски е толку неискусен и неинформиран и не го знае значењето и влијанието на САД како наш стратешки партнер. Тој е повеќе убеден дека Мицкоски во лутина ги игнорира пораките и со тоа прави огромна штета.

Во понеделникот во интервју на Телма американската амбасадорка испрати јасна порака до опозицијата дека од таму се очекува многу повеќе од гола и деструктивна критика.

„Првата работа што ја бараат граѓаните се решенија. Многу лесно е да се укаже на предизвиците, да се критикува, но она што е тешко е да се работи заеднички на ефективни решенија. Се надеваме дека опозицијата, но и сите политички партии, сите организации, ќе застанат зад овие две цели. Прво за да се заштити нивното здравје и здравјето на граѓаните и второ да инвестираат во позитивна иднина која доаѓа со реформската агенда и напредокот на евро-атлантскиот пат“, изјави Брнс во интервјуто за Телма.

Мицкоски во континуитет ги заострува односите со САД

Едно од ветувањата пред Конгресот во Валандово на кој што Мицкоски беше избран за претседател беше дека ќе ги подобри односите со меѓународната заедница и ќе ја поврател довербата која што изминатите години била загубена.

Дали Мицкоски тука мислел на Русија или Северна Кореа е неважно. Тоа што е важно дека веднаш по неговото седнување во претседателската столица Мицкоски отвори конфликт со американската администрација.

„Разочарани сме од позицијата на раководството на ВМРО-ДПМНЕ во однос на референдумот и уставните промени. Апелираме да создадете простор, јавно и приватно, за пратениците од вашата коалиција да можат да решат како што тие сакаат за време на гласањето за уставните промени, слободно, без закани со насилство, одмазда или други видови на притисок, му напиша во писмото помошник државниот секретар на САД Вес Мичел на 16 Октомври 2018 година на Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

После тоа Мицкоски му возврати на помошник државниот секретар Мичел, испраќајќи му реплика од филмот Бетмен дека најтемно било пред зората.

најчитани вести

Македонија

Поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Андонов се огласи на Фејсбук и со жестока реакција побара оставка од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Еве што напиша:...

Забава

Секогаш е убаво да се види згодна девојка која си го шета миленичето, а притоа да води сметка за општествената одговорност – плусот е...

Свет

Британски експерти тврдат дека новиот вид, откриен во таа земја, сега инфицира повеќе деца, а тие досега биле најзаштитени. Во САД дури 25 проценти...

Забава

Фолк пејачката Светлана Цеца Ражњатовиќ важи за една од најзгодните жени на сцената. Без разлика дали ќе се појави во опуштена комбинација или елегантно...