Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Мицкоски се обидува да докаже дека американската амбасадорка поддржува медиуми кои вршат цензура ?!?

Проценките на Мицкоски дека ВМРО-ДПМНЕ има малку фронтови и дека партијата е моќна да се справува со уште повеќе прашања резултираа со отварање на нов фронт со Телевизија Телма.

После првиот отворен напад на Мицкоски врз Телма следеше канонада од говор на омраза и навреди упатени кон уредништвото и новинарите на телевизијата од пратеници, партиски функционери , но и обични членови на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски и сопартијците обвинуваа дека Заев ја вршел цензурата преку обезбедување подршка од Макептрол со кого владата се договори околу гасоводот.

Веднаш потоа како одговор следеше средба на американската амбасадорка Кејт Мари Брнс со првиот човек на Макептрол кој паттем е доминантен сопственик на ТВ Телма. После средбата амбасадорката Брнс излезе на твитер со пофални зборови за работењето на компанијата. Пред два дена американската амбасадорка и лично гостуваше во ТВ Телма.

Завчера Мицкоски вовлече и нови играчи во војната со Телма. Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги , предводена од Зоран Трајчевски кој е кадар на ВМРО-ДПМНЕ излезе со сооштение во кое што и се укажува на Телма дека политичкиот плурализам е витален за развојот и зачувувањето на демократските општества.

Уредништвото на Телма, ваквото соопштение од Трајчевски го сфати како потценување и жестоко возврати со реакција во која изнесоа дека всушност Мицкоски е политичар кој најчесто гостувал во телевизијата, посочувајќи дека ААВМУ делувалаврз основа на непроверени информации.
„ТВ Телма е зачудена што АВМУ реагира врз основа на паушални реакции и сомничења на политички субјекти за наводно отсуство на ставовите на најголемата опозициска партија. За сите релевантни теми, секогаш го имаме ставот и на опозицијата, а нашите извештаи во вестите се објективни и балансирани. Доколку реакцијата на АВМУ се однесува на неточните и смешни обвинуванја на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, дека наводно бил цензуриран на ТВ Телма- би било коректно да се проверат фактите пред АВМУ да излегува со вакви соопштенија во јавноста. Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски во текот на 2020 година имаше 3 интервјуа на ТВ Телма, а откако стана претседател на ВМРО-ДПМНЕ има најмногу гостувања на Топ Тема од сите политичари во Македонија. Телевизијата и натаму е отворена за соработка со партијата и кога ќе оцени дека има програмски интерес, повторно ќе го покани на интервју г-динот Мицковски. Но, Телма има сопствена уредувачка политика и проценува, кој, кога и колку пати ќе гостува на интервју, како и дали одреден настан е значаен за да добие време во информативните емисии. За сите теми што сметаме дека се релевантни и ги обработуваме во вестите, бездруго ќе го пренесуваме и ставот на опозицијата, но многу е погрешно да се мисли, дека медиумите имаат должност да ги пренесуваат сите прес-конференции на партиите што ги одржуваат секојдневно. Се надеваме дека АВМУ е свесна за автономијата на уредувачката политика на телевизиите, и дека во иднина ќе се водржат од реакции врз основа на слушнати информации во јавност, без тие да бидат проверени, и без аргументирани обвинувања. Во спротивно, АВМУ ќе си додели улога на супер-цензор, која не и припаѓа, и тоа не врз основа на сопствени факти и анализи, туку врз основа на изјави на политички субјекти.“ се вели во реакцијата на Телма.

На тоа повторно реагираше Мицкоски кој си се повика на извештајот на ААВМУ и го потсети уредништвото дека освен бизнис интересите на компанијата требало да ги штити и јавните интереси.

најчитани вести

Македонија

После подолг период американската амбасадорка Кејт Мари Брнс се појави со интервју во македонските медиуми и тоа токму на Телевизија Телма, која минативе неколку...

Македонија

Откако гласноговорникот на антинато движењето во Македонија и еден од фронтмените на “Бојкотирам”, Љупчо Палевски повика војната на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да...

Свет

Шејн Волтерс од Барнли ќе ги помине следните две години во затвор за сексуално злоставување на невини кокошки. Волтерс, инаку работник во супермаркет, доби...

Македонија

Еден од ретките кои што профитираа од инцидентите на 27 Април, а веројатно и единствен во ВМРО-ДПМНЕ е Христијан Мицкоски. После немилиот настан следуваа...