11 C
Skopje
понеделник, април 19, 2021
spot_img

КОНФУЗИЈА ВО ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски обвини дека Македонија е најлоша, а Милошоски му врати дека Белгија, Франција и Велика Британија се полоши

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во овој период делува сосема конфузно. Од сите функционери доаѓаат различни изјави за различни теми. Немањето став и конфузните изјави на Христијан Мицкоски за сите прашања се чини дека како вирус ги зафати сите раководни лица во партијата па секојдневно слушаме само негативна кампања, безидејност и тотално спротиставени изјави на раководството.

Последниот пример е изјавата на Мицкоски дека Македонија најлошо се справува со кризата и дека имаме најмногу починати, која е демантирана на фејсбук од Антонијо Милошоски кој објави листа на земји и починати, на која некои од нај силните и нај напредните европски држави се полошо рангирани од нас.

-“Едноставно е, Заев и Филипче наместо демагогија, доволно е да обезбедат кревети за пациентите и доволно кислород за болните. Нека не објаснуваат приказни, реалноста е сосема друга од таа што ја објавуваат во притиснатите медиуми, а и бројките се поразителни. Македонија е земја со најголем број на починати, со мал број на тестирани.
Епилогот е огромен број на починати”.- вели Мицкоски

Кратко потоа на фејсбук Антонијо Милошоски вели:
-“За голема жал Македонија е на високото 8мо место во Европа по бројот на смртност на 1М жители. Непроценлива загуба за сите. # НеЕСеПодКонтрола”

Според објавената статистика на Милошоски очигледно е дека полоши од Македонија по однос на бројот на починати на еден милион жители се развиените Белгија, Сан Марино,Андора, Шпанија, Италија, Велика Британија и Франција.

Читај Следно

10,349FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести