Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

Закани до Дритан Абазовиќ од страна на косовски мафијаш

На претседателот на црногорското Граѓанско движење УРА, Дритан Абазовиќ, му се заканувал член на криминалната група на косовскиот нарко бос, Насер Каљменди, дознава неофицијално весникот „Дан“ од извор од таа партија.

Според сознанијата на „Дан“, станува збор за лице кое има црногорски документи, а живее во Косово.

Граѓанското движење УРА вчера одржа вонредна прес-конференција, на која тие соопштија дека имаат информации дека на Дритан Абазовиќ му се заканувал криминален клан од регионот. Како што објавија, еден од членовите на тој клан е црногорски државјанин. Сепак, партијата не сакаше официјално да објави за кого станува збор.

Ова не се први закани кон Абазовиќ. Откако ја донесе одлуката да го прати Ѓукановиќ во  опозиција  амбасадорот на Црна Гора во Косово, Ферхат Диноша преку писмо го предупреди, Дритан Абазовиќ  дека многумина нема да му простат за влегување во коалиција со како што рече, „силите на кои Рамна Гора им е помила од Црна Гора“.

најчитани вести

Македонија

Откако гласноговорникот на антинато движењето во Македонија и еден од фронтмените на “Бојкотирам”, Љупчо Палевски повика војната на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да...

Македонија

После подолг период американската амбасадорка Кејт Мари Брнс се појави со интервју во македонските медиуми и тоа токму на Телевизија Телма, која минативе неколку...

Свет

Шејн Волтерс од Барнли ќе ги помине следните две години во затвор за сексуално злоставување на невини кокошки. Волтерс, инаку работник во супермаркет, доби...

Македонија

-Воспоставениот систем во зградата на интерни клиники покажа дека добро функционира. Дава резултат во поголем број на оздравени пациенти, но и доволен број на...