16 C
Skopje
вторник, април 6, 2021
spot_img

500 жители живеат на температура и до минус 70 – ОВА Е НАЈСТУДЕНОТО МЕСТО НА СВЕТОТ

Најстуденото место на планетата е дефинитивно Ојмјакон во Сибир. Тука е измерена најниската температура досега – 70 степени Целзиусови, но и покрај ваквите тешки услови, стотици луѓе го избраа ова место за свој дом.

Околу 500 локални жители се навикнати на студ, што е неподносливо за обичните луѓе и сосема е нормално дека температурите забележани во јануари секоја година се движат околу – 50 степени. Животот во зима не е лесен тука, а сепак жителите се прилагодиле на екстремните услови во кои земјата е замрзната во текот на целата година.

Во ваква област, очигледно е дека ништо не расте од земјоделски култури, па луѓето што живеат тука главно јадат риба, ирваси, коњско месо и млечни производи.

Фактот што тие не можат често да ги палат моторите на своите автомобили не е изненадувачки, но дури и авионите не можат да полетаат од тука.

За време на суровите зими, жителите на Ојмјакон ги напуштаат своите домови само ако навистина се принудени. Чистиот воздух и домашната храна без индустриски производи ги прават здрави и отпорни, па затоа не е изненадувачки што нивниот животен век е многу долг.

Тие често користат полски тоалети затоа што цевките замрзнуваат, а автомобилите треба да се чуваат во топли гаражи, во спротивно не би можеле да ги користат.

Проблемот настанува кога некој ќе умре. Земјата прво мора да се стопи за да се ископа рачно. За да го направат ова, ставаат топол јаглен и се прави дупка во земјата. Затоа, погребот може да се одложи за неколку дена.

Не е изненадувачки што на ова место, особено во зима, алкохолот се консумира во големи количини.

И покрај неверојатниот студ, децата редовно одат на училиште, животот тече нормално, а секојдневните проблеми можат да бидат замрзнување на чаши и мастото од пенкалата.

Селото е покриено со мрежа за мобилни телефони, но поради ниските температури, уредите не можат да бидат вклучени.

Поради ваквите услови, Ојмјакон стана туристичка атракција, а многу агенции го вклучуваат во сојата понуда.

Читај Следно

10,323FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести