16.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

СОНУВАТЕ ДЕКА ИЗНЕВЕРУВАТЕ: Еве што значење има

Ако вашата врска е добра и стабилна, ако не сакате никој друг и не сте лути на својата „втора половина“, сигурно не би ни сонувале да го изневерувате својот партнер – ова е реченица што повеќето припаднички на понежниот пол ќе ја слушнат кога ќе им се доверат на своите пријатели дека сонувале како го изневеруваат.

Но, пред да влезете во дискусија со вашите пријатели за овој вид на одговор, треба да знаете дека вашата потсвест можеби не се препознава како моногамна.

„Соништата не ги следат правилата, но ниту границите за моногамијата“, вели психологот Универзитетот Харвард Деидре Берет. Секој може да сонува како изневерува, па дури и совршената двојка на Инстаграм што ја следите, која  понекогаш може да ви застане на нерви.

Скоро 60 проценти од жените сонувале дека го изневерат своето момче или сопруг, покажуваат резултатите од студијата од 2018 година, во која учествувале 1.000 жени.

Но, за да протолкувате точно што ви кажуваат вашите соништа, Барет предлага да размислите прво за неколку работи.

Што е измама за вас и како изгледал сонот?

Откако ќе ја воспоставите основната дефиниција за „мамење“, обидете се да се сетите што точно правевте во сонот. Како се чувствувавте? Дали и вашиот партнер се појави во тој сон или сте биле само свесни за неговото постоење? Одговорите на овие прашања би можеле да го „отклучат“ метафоричкото значење на сонот.

Во повеќето случаи, овој сон укажува на потиснато чувство на вина или грижа во реалниот живот. Ако криете нешто од вашето момче или сопруга, запрашајте се зошто го правите тоа и зошто не му верувате..

Ако го изневеривте поранешното момче, вината може да ве прогонува во соништата.

– Неверството може да биде трауматично, и таа траума нема да помине баш така. Дури и ако сте биле неверни во далечното минато, емоционалната лузна често останува.

Втората најчеста причина што сонувате дека го изневерите вашиот партнер или сопруг е фактот дека ви недостасува нешто во сегашната врска или брак.

– Ако чувствувате дека недостасува возбуда и страст во врската или бракот, дека исчезнала првичната искра меѓу вас и вашата „втора половина“, време е да се посветите повеќе едни на други и да проверите дали тоа е вистинскиот чекор за двајцата- советува психологот.

Исто така, честопати се случува да сонуваме за прељуба кога сакаме некој друг.

– Многу е лесно да сонувате некого, особено во сексуална смисла, дури и без да бидете свесни дека таа личност ве привлекува. Оваа ситуација често се случува ако сакате одредена личност на работа или ако имате заедничко хоби. После вашиот контакт или разговор, можно е да имате „жешки соништа“ – вели психологот и додава:

– Но, тоа не значи веднаш дека тоа навистина ќе се случи во реалниот живот. Вашата потсвест реши да мисли на некој друг, но од нас зависи само дали ќе започнеме авантура во светот после будењето или ќе оставиме се да ‘живее’ во доменот на соништата.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести