Претседателот на Кошаркарската федерација на Словенија, Матеј Ерјавец изјави дека и покрај големата желба на Лука Дончиќ да настапи за репрезентацијата на Словенија на претстојните квалификациски натпревари за Европското првенство, НБА-лигата не го дозволи тоа.
Ерјавец за словенечкиот портал „24ur“ изјави дека Лука Дончиќ нема да може да игра за репрезентацијата на таа земја, бидејќи ФИБА и НБА не постигнаа договор.
Младиот кошаркар од Далас изрази голема желба да игра за Словенија на квалификациските натпревари за ЕП, дури и да разговараше со сопственикот на Далас, Марк Кубан, но не добил дозвола од НБА лигата.
Словенија ќе игра против Украина и Унгарија на 28 и 30 ноември во рамките на квалификациите за Евробаскет, а на овие исклучително важни средби ќе биде без најдобриот и најквалитетниот кошаркар.