Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

На 27 Април ВМРО-ДПМНЕ беше завиено во црно, а Мицкоски го почна огромниот скок во кариерата

Еден од ретките кои што профитираа од инцидентите на 27 Април, а веројатно и единствен во ВМРО-ДПМНЕ е Христијан Мицкоски. После немилиот настан следуваа оставки и повлекувања, а само кариерата на Мицкоски се вивна до врвот. Од пред собраниската врата, Мицкоски дотурка до претседателскиот кабинет.
Пред 27 Април 2017 година, Христијан Мицкоски беше прилично непознат за пошироката јавност.
Немаше обезбедување, немаше расправии со медиуми, ниту некој го бараше, ниту некој го прашуваше за мислење. Мицкоски беше политички невидлив, иако член на Извршниот комитет и шеф на кадровата комисија. Главно според партиските информации , Мицкоски важел за човек кој секогаш се согласува со тој што е над него, а особено со првиот. Потоа е избран за генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, но многу побезначаен од неговиот претходник Емил Димитриев и останатите на таа функција.
Малкумина го паметат и како директор на ЕЛЕМ чиј главен настап беше прошетката со тогашниот премиер Никола Груевски кога му ја презентираше новата зграда на компанијата, како дел од проектот Скопје 2014 . Стандардно во негов стил, после ниту го поддржа, ниту реагираше против проектот. Ставот, доколку така може да се нарече, му беше дека проектот му се допаѓал, но да бил тој на место на Груевски парите би ги потрошил поинаку.

После кобниот 27 Април , ВМРО-ДПМНЕ беше на колена. Беше јасно дека и да имало минимална надеж или канал на комуникација со меѓународната заедница, сега веќе нема. Беше јасно дека двата пратеника повеќе, кои ги освои партијата, веќе не значат ништо. Беше јасно дека ќе следуваат апсења на членовите кои застанаа зад иницијативата „За единствена Македонија“. На крај беше јасно дека Никола Груевски не може повеќе да биде лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

Во целата оваа мачна атмосфера само Мицкоски не ги гледа маките на семејствата на обвинетите за 27 Април, туку гледа шанса за себе да се пробие до тронот во ВМРО-ДПМНЕ. Тоа му успева на вонредниот конгрес во Валандово каде е избран како единствен кандидат. Со гласовите на 376 од 438 делегати, Христијан Мицкоски поминува пред членовите кои три години подоцна ги игнорира кога му бараат отчет за сработеното.

Мицкоски добива максимално после настаните од 27-ми, а не презема ништо конкретно да им помогне на луѓето. Како што поминува време ги спомнува само кога му требаат некакви поени и затоа добива жестока реакција во Октомври 2018 година.

Во неа обвинетите го посочуваат како предавник и бараат Извршниот комитет на ВМО-ДПМНЕ да ги преиспита неговите одлуки. „ Да ве потсетиме дека лажната надеж е најтежок удар врз човековата психа. Изминативе месеци од Мицкоски ни беше ветена гаранција со имотот на партијата – тоа не бидна! Беше ветен предлог-закон за амнестија – не бидна!“, тврдеа тогаш обвинетите од 27-ми.

Позицијата на Мицкоски сега е катастрофално разнишана. Единствен спас гледа во албанските партии преку кои може да прикаже некакво факторизирање на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски го наоѓа Села чии тавови за федерализација на Македонија беа една од најдиректните причини заради кои што народот со месеци протестираше пред собранието.

Цената за тоа е проширување која сега му ја испорачуваат Села и Гаши е целосна двојазичности дополнително жигосување на обвинетите од 27-ми. Затоа Мицкоски пред Села и Гаши се откажува од луѓето кои протестираа и го осудува настанот, а згора на тоа неговитете нови партнери се обидуваат да ја зацементираат позицијата дека станува збор за организиран настан. Јасно е дека Села и Гаши немаат информации од ВМРО-ДПМНЕ доколку не им ги даде некој партнер од довебра. Јасно е дека нив не ги интересира судбината на засегнатите од 27-ми. Очигледно судбината на луѓето од 27-ми не го интересира ниту Мицкоски штом не реагира на лагите за организација на настанот што ја руши одбраната на оние кои сеуште немаат пресуди.

Села и Таравари, откако почнаа да си ги остваруваат интересите преку Мицкоски, почнаа да го бетонираат својот став за 27-ми, а некој од ВМРО-ДПМНЕ тргува со одбраната на обвинетите само партнерите на Мицкоски да ги спомнат и оцрнат оние кои не се согласуваат со него.

Дали Христијан Мицкоски имал некаква улога во настаните пред или после 27-ми Април, или во таа улога му помогнал неговиот соработник Синиша Алексоски преку кабинетот на Претседателот Иванов, ќе покаже времето.

најчитани вести

Македонија

Во Февруари 2015 година, Капетанот на луксузниот прекуокеански брод Коста Конкордија беше осуден на 16 годишна казна затвор. Франческо Скетино беше прогласен за виновен...

Балкан

Јосип Броз Тито често се состануваше со многу светски лидери и на патувањата го дочекуваше најсвечен пречек, а начинот на кој го пречекаа во...

Македонија

На 24.12.2020 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога и СВР Скопје околу 21.30 часот извршија претрес на дом,...

Македонија

Третиот столб од програмата со која настапи Мицкоски на вонредниот конгрес во Валандово, кој се однесува на зголемување на коалициските капацитети на партијата не...