7.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Милан Ристовски: Го провоцирам Стефан да се врати во Ријека, а тој вели дека малку му фали за тоа…

Милан Ристовски, фудбалерот на Ријека и еден од нашите најдобри млади фудбалери, член на У-21 селекцијата за хрватскиот “Нови Лист“ вели дека го наговара, односно го провоцира својот постар брат Стефан да се врати во Ријека. Познато е дека засега искусниот десен бек, еден од нашите најдобри фудбалери и член на златната генерација на фудбалска Македонија која се пласира на ЕВРО, е во немилост на тренерот на Спортинг Лисабон.

“Го провоцирам Стефан да се врати во Ријека, а тој вели дека малку ми фали за да донесе таква одлука“ малку низ шега го кажува ова помалиот од браќата Ристовски.

Инаку познато е дека тој е во фаза на рехабилитација по тешката повреда. Исто така во тоа интервју вели дека плачел од среќа по победата на Македонија во Тбилиси и пласманот на ЕП.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести