Пензионер од американската држава Флорида стана вистински хит на социјалните мрежи, бидејќи скокна во вода да спаси тримесечно кученце од устата на алигатор.
Тој г шетал своето куче покрај езерото кога одеднаш скокнал алигаторот и го грабнал кучето. 74-годишникот не размислувал многу, па веднаш се фрлил во вода по малиот Ганер. Како што вели, не знае дали го сторил тоа поради налетот на адреналин или реагирал инстинктивно.
– Алигаторот излезе од езерото како ракета. Никогаш не мислев дека може да биде толку брз, сè се случи толку брзо – изјави тој за Си-Ен-Ен.
Тој објасни дека држењето рептил не е толку предизвик, колку обидот да се отворат вилиците на животното.
Тоа беше исклучително тешко – рече Ричард, кој сепак успеа да го ослободи кучето од вилиците на алигаторот и да го спаси од сигурна смрт.
Додаде дека морал да прими вакцина против тетанус, бидејќи имал рани на рацете. Што се однесува до малиот Ганер, тој има рана на стомакот, но закрепнувањето му оди добро.
