Специјалниот советник за COVID-19 во Светската здравствена организација, Давид Набиро, предупреди на трет бран на пандемијата во Европа на почетокот на 2021 година, доколку владите не направат се што е потребно, како пред вториот бран.
- Направени се неуспеси во ажурирањето на потребната инфраструктура во текот на летните месеци, откако првиот бран беше ставен под контрола. Сега сме во вториот бран, а третиот бран на пандемијата е пред нашата врата, предупреди Набаро, пренесува Ројтерс.
Тој особено предупреди дека сите туристички активности во Европа за време на ски сезоната треба да бидат прекинати.
- Кога стапката на инфекција ќе се намали, и тоа ќе се случи, ќе можеме слободно да правиме што сакаме. Но, сега? Дали ни требаат отворени скијачки центри во такви услови, праша Набаро.
Тој ги пофали азиските земји каде стапката на инфекција е екстремно ниска, бидејќи, како што истакна, рестриктивните мерки не беа олеснети предвреме таму.