Англиската федерација во координација со официјалните власти одлучи од 2 декември кога завршува официјалниот карантин на ниво на Англија да дозволи на спортските терени кои се играат под отворено да дозволи публика.
Односно во зависност од капацитетот на објектите, ќе биде дозволено да присуствуваат одреден број на гледачи. Па така, на една просеќна трибина на стадионите на кои се играат Премиерлигашките мечеви ќе може да влезат 4000 гледачи, на помалите трибини до 2000 посетители.
Ова секако дека е есктра информација за сите, пред се за навивачите, кои долго време немаа можност да ги следат мечевите во живо, а и за самите фудбалери, кои признаваат дека мечевите без публика се лоши за играње.