Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

“Пак ли нова битка тато” : Мицкоски по совет на Палевски отвара фронт и со Канал 5

Откако гласноговорникот на антинато движењето во Македонија и еден од фронтмените на “Бојкотирам”, Љупчо Палевски повика војната на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да не застане само на Телма, почнаа синхронизирани напади и врз Канал 5.

Партиски функционери и луѓе блиски до Мицкоски,  минативе два дена започнаа војна со сопственикот на Канал 5 , со отворени прозивки и навреди.

“Како бе тоа обични мастиљари кога стануваат књиговоџи во ВМРО ДПМНЕ, преку ноќ стануваат богаташи?!
Борис Стојменов књиговоџа на ЉуБчо Георгиевски, а Драган Митковски књиговоџа на Никола Груевски!!!
# ГдеСуПаре

# ПрашањаКоиМеМачат”, напиша Миленко Неделковски во првиот пост.

Во вториот обвини “ Се договорил 💰💸💰💸 Емил Стојменов со ШиШегов и Српче, како на времето што се договараше💰💸💰💸 со СтеФче Јакимовски за хотелот на местото на “Пластика”…
Тоа што останаа излажани и ограбени стотици акционери на “Беко” (“Скопјанка”) и “Пластика”, никому ништо. И тоа што од мака испоумреа подоста од нив, исто ништо.
Важно градоначалнициве, жглаб.

#НеПлаќалРекет”.

На Неделковски се надоврза и првиот човек на ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ, Гане Петров кој исто така е од доверба на Мицкоски. Тој објави слика од градежната локација во центарот на градот со порака “Добар ден, пријатели на слободата и борбата против градежната мафија!”

Сето ова следи откако Палевски претходно повика фронтот против Телма да се прошири и на другите медиуми.

Христијан Мицкоски пред неполна година објави писмо до јавноста кое беше сфатено со потсмев во кое пишуваше за зборовите со кои му се обратил неговиот син.

“Мојот помал син утрово ме праша тато одново некоја битка, му одговорив, нашата никогаш не престанала овој пат не знам оваа колку долго ќе трае ама знам дека ќе победиме.” напиша Мицкоски.

Дали мислел на оваа нова битка со Канал 5 останува да видиме.

најчитани вести

Македонија

Како што Заев се колнеше во „жицата македонска“, така и „жицата“ на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ не издржа многу. Две ипол години по донесувањето...

Македонија

Еден од самопрогласените лидери на антинато и анти ЕУ движењата во Македонија, Љупчо Палевски, на социјалните мрежи излезе со поддршка на операцијата за напад...

Свет

Многу промени ќе се случат, а Бил Гејтс на почетокот на оваа недела зборуваше за долгорочните последици од пандемијата врз нашите животи. За некои,...

Забава

Оние кои се опоравуваат од вирусот барем 30 дена мора да се чуваат од голем напор, вели др.Ристиќ. Пациенти кои прележале корона вирус не...