Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

Од денеска на 12 локации ќе се спроведува масовно тестирање на корона вирусот во Загреб

Главниот град на Хрватска, Загреб, денеска на 12 локации ќе се спроведе масовно тестирање на корона вирус по пат на брзи тестови кои ќе бидат бесплатни.

Градот Загреб за овој потфат набави 50.000 тестови со вкупна вредност од 3,5 милиони куни (околу половина милион евра).

Луќето кои имале симптоми на корона вирус во претходните неколку дена може да се пријават за тестирање преку интернет страницата brzitest.com.hr, по што му се закажува термин.

На 12 пункта ширум геадот ќе се направи тестирање во три фази. Резултатите ќе ги добијат за половина час на меил, а истите ќе стигнат и кај матичниот лекар.

Тестирањето ќе може да се направи во автомобил, па граѓаните нема да изгубат многу време чекајќи во редици.

Тестирањето е бесплатно, а термините за денеска се пополнети со 1.200 загрепчани.

Ако биде потребно Градот ќе набави дополнителни тестови за сите кои имаат потреба да бидат тестирани.

најчитани вести

Македонија

Како што Заев се колнеше во „жицата македонска“, така и „жицата“ на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ не издржа многу. Две ипол години по донесувањето...

Македонија

Еден од самопрогласените лидери на антинато и анти ЕУ движењата во Македонија, Љупчо Палевски, на социјалните мрежи излезе со поддршка на операцијата за напад...

Свет

Многу промени ќе се случат, а Бил Гејтс на почетокот на оваа недела зборуваше за долгорочните последици од пандемијата врз нашите животи. За некои,...

Забава

Оние кои се опоравуваат од вирусот барем 30 дена мора да се чуваат од голем напор, вели др.Ристиќ. Пациенти кои прележале корона вирус не...