Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

НЕВЕРОЈАТНА ПРИКАЗНА ОД РУСИЈА – Заложничка драма со киднапирано 7-годишно дете

Седумгодишно момче од селото Горки во Русија исчезна на крајот на септември – кога излегол од автобусот на станицата, не стигнал дома и оттогаш му се губи секоја трага.

Најмалку 7.000 луѓе учествуваа во потрагата по него: полицијата, локалните жители и по месец и половина агонија, детето конечно беше пронајдено благодарение на Интерпол.

Според руските медиуми, во подрумот на куќата го чувал 26-годишен маж во блиското село, кој наводно имал психички проблеми.

Го ставив во автомобилот и се оддалечив

Истражен комитет формиран за пронаоѓање на исчезнатото момче рече дека Дмитриј К. е одговорен за киднапирањето.

  • Кога го видел момчето покрај езерото, застанал и почнал да разговара со него, по што со сила го ставил детето во автомобил и го одвел до блиското село Макарика – рекоа истражителите.

Според РИА Новости, момчето ги поминал следните месец и половина во подрум на околу 20 километри оддалеченост од дома. Киднапираното дете било пронајдено со голема помош од Интерпол, бидејќи локалната полиција добила информација од Интернет дека едно лице го чува детето дома.

Како што се наведува, Дмитриј се допишувал со едно лице во Бугарија, а врз основа на преписката било заклучено каде е држено киднапираното момче.

Акција за спасување

Откако руското Министерство за внатрешни работи ги доби податоците, организираше спасувачка операција на 19 ноември. Кога полицијата упаднала во куќата, го пронашла Дмитриј како го држи момчето на колена, чие име не беше соопштено во јавноста. Киднаперот бил уапсен, а детето било вратено кај неговите родители откако било прегледано од лекар.

Момчето, наводно, немало физички повреди.

Никогаш не ја отварал вратата“

Еден од жителите на селото Макарика вели дека Дмитриј дошол во таа област на пролет.

  • Тој не е староседелец. Купил куќа што имал намера да ја користи само во текот на летото. Во текот на зимата е ледено. Сепак, и покрај тоа што беше трошна, тој брзо ја среди ккуќата за постудени денови, поставувајќие изолацијата. Знам дека Дмитриј има куќа и во близина на Суздал, но не ми беше јасно зошто и овде купи куќа? Немаше семејство, зошто би презимил во Макарика? Тој очигледно имал план – вели еден локален жител кој сакал да остане анонимен.

Иако го видел, овој соговорник вели дека не разговарал со новиот жител на Макарика.

  • Тој не беше комуникативен. Најблиските соседи му помогнаа да ја исчисти куќата и кога му понудија пијалок, тој им рече: „Не пијам, пијам апчиња“. Тој објасни дека не му било добро во главата затоа што неговите родители починале рано. Тој е вреден и знае сè што знае да прави низ куќата. И никој не знае ништо за него – додаде тој.

Гувернерот на Макарика, Артем Буланов, вели дека никогаш не го видел Дмитриј, иако живеел во тоа место четири години.

  • Пред еден месец, станав претседател на оваа мала општина. Heживеам овде четири години и никогаш не сум го видел Дмитриј. Моја должност е да ги познавам сите луѓе. Тропнав на вратата од куќата неколку пати, но никој не ми одговори. Или никогаш не бил таму, или не сакал да ја отвори вратата. Не забележав дека некој живее таму – вели Буланов.

10 000 километри

Според руските медиуми, група граѓани „Лиза Алерт“ организирала потрага по момчето пеш, а била опфатена територија поголема од 10.000 километри.

Со помош на мрежата, како и волонтери, прегледале околу 44.000 слики со цел да го идентификуваат исчезнатото момче.

Обид за ново киднапирање

РИА Новости исто така наведува дека веднаш по исчезнувањето на 7-годишното момче, во селото Макарика имало уште еден обид за киднапирање.

  • Имаме големо семејство, а на 29 септември некои сакаа да го киднапираат нашето дете. Тој има осум години, а пред него запре автомобил и тие му понудија да го однесат дома. Оттогаш никој не зборуваше за ова – вели Буланов.

Засега не е познато дали Дмитриј е поврзан со ова обид за киднапирање.

најчитани вести

Македонија

Како што Заев се колнеше во „жицата македонска“, така и „жицата“ на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ не издржа многу. Две ипол години по донесувањето...

Македонија

Еден од самопрогласените лидери на антинато и анти ЕУ движењата во Македонија, Љупчо Палевски, на социјалните мрежи излезе со поддршка на операцијата за напад...

Свет

Многу промени ќе се случат, а Бил Гејтс на почетокот на оваа недела зборуваше за долгорочните последици од пандемијата врз нашите животи. За некои,...

Забава

Оние кои се опоравуваат од вирусот барем 30 дена мора да се чуваат од голем напор, вели др.Ристиќ. Пациенти кои прележале корона вирус не...