10 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

Киднапираат СТРАНЦИ и изнудуваат МИЛИОНИ

Северноафриканското крило на Ал Каеда доби нов лидер откако француските сили во Мали го ликвидираа претходниот шеф на оваа џихадистичка организација, тврди АП, разузнавачка организација со седиште во Вашингтон, која ги следи страниците на исламистичките организации.

Исламски Магреб, познат по кратенката АКИМ, за прв пат го покажа трупот на својот поранешен водач Абделмалек Друкдел и објави дека на негово место доаѓа Јазид Мубарак, познат како Абу Убаида Јусуф ал-Анаби.

АКИМ исто така потврди дека е убиена швајцарската мисионерка Беатрис Стокли, која беше киднапирана во јануари 2016 година во градот Тимбукту, главниот град на истоимениот регион во Мали, и дека АКИМ ја обвини нејзината смрт за неуспешниот обид на „француските крстоносци“ да ја ослободат. пренесува АП.

Северноафриканското крило на Ал Каеда досега изнудуваше милиони долари за киднапирања на странци.

Директорката на АП, Рита Кац оцени дека назначувањето на Јусуф ал-Анаби не е изненадување, имајќи предвид дека тој постојано се појавуваше на сите пропагандни материјали на оваа група во последните неколку години и учествуваше во сите поголеми операции на АКИМ.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести