10 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

Запознајте ја српската убавица КОЈА УЛОВИ МИЛИЈАРДЕР И СЕ ДРУЖИ СО ХОЛИВУДСКИТЕ ЅВЕЗДИ (ФОТО)

Не го сонувала принцот на бел коњ, ама сепак стана милијардерка. Поранешната членка на групата „Моделс“, Ивана Берендика, стана една од најбогатите Србинки откако во 2005 година се омажи за 20-годишниот милијардер, и коосновач на „Гугл“, Томас Јермолук.

Во 2016 година, парот доби близнаци, а Ивана со години дизајнира накит.

– Јас не бев од оние девојки што сонуваа принц на бел коњ. Ми се чини дека отсекогаш сум била порационална од другите, па ми се случи да го добијам она за што не ни помислував. Томас е на некој начин супериорен во однос на мене во сè, што е многу пријатно за мојот балкански менталитет. Јас бев малку посреќна од другите. Покрај мене е човек со слободен дух, авантурист кој одговара на предизвици. Томас сака егзотични патувања и екстремни спортови. Тој е отворен и сака да проба сè, и тоа не спои заедно. Двајцата сме љубопитни, сакаме да откриеме нови земји и култури. Го запознав кога имав дваесет и пет и тој беше сè што ми требаше во тоа време. Токму неговата возраст, знаење, мудрост и харизма ме натера вистински да се заљубам – откри Ивана.

Денес, оваа убавица живее со своето семејство во луксузна вила во Мајами.

Сега нејзините модели ги носат светски ѕвезди како Меган Маркл, Кајли Џенер, Ријана, Ники Минаж, Алиша Кис, Миранда Кер и многу други, а со дел од нив приватно се спријателиле.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести