12 C
Skopje
петок, април 9, 2021
spot_img

ШОКАНТНО: 7 ПОЧИНАТИ НА ЖУРКА – СНЕМАЛО АЛКОХОЛ ПА ПОЧНАЛЕ ДА ПИЈАТ СРЕДСТВА ЗА ДЕЗИНФЕКЦИЈА

Седум лица починаа откако испија средство за дезинфекција во Русија, додека две се во кома.

Група од девет лица испија антисептично средство за миење на рацете кога во четвртокот им снема алкохол на забава во селото Томтор во областа Татински во најголемиот регион на земјата, Јакутија. Првите три жртви биле 41-годишна жена и двајца мажи на возраст од 27 и 59 години. Други шестмина беа пренесени со авион за медицинска евакуација во главниот град на регионот Јакутск. Уште тројца мажи на возраст од 28, 32 и 69 години починаа во петокот. Денес е регистрирана уште една смрт.

„Регистрирани се девет случаи на труење со средства за дезинфекција, вклучително и седум фатални“, соопшти федералната служба за јавно здравје „Роспотребнадзор“.

Според регионалниот обвинител, труењето се случило како резултат на пиење средства за дезинфекција. Жртвите пиеле средство за дезинфекција – 69 проценти метанол – што се користи како средство за дезинфекција на рацете за време на пандемија. Здравствените власти ги предупредија локалното население да не пијат антисептици од руско производство.

Покрената е кривична постапка.

Читај Следно

10,321FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести