Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Уапсен познат фудбалер за време на полициски час во ноќен клуб

Шпанските медиуми јавуваат дека полицијата на Канарските острови фатила двајца играчи на Тенерифе како уживаат во ноќта со своите пријатели во еден локален ноќен клуб.

Полицијата изврши рација во клубот и беа уапсени 24 лица, вклучително и фудбалери од познатиот шпански клуб, Алберто Хименез и Чави Алонсо.

Тенерифе веднаш информираше дека против овие двајца играчи ќе биде покрената дисциплинска постапка и дека тие ќе бидат строго казнети за кршење на протоколот COVID-19.

Полицијата објави дека е забележано присуство на наркотични средства во клубот, дека има чад во зградата, а присутните лица ставиле заштитни маски дури 19 минути по полицискиот упад.

Еден од играчите бил препознаен поради тетоважа на десната рака, што го принуди Тенерифе да објави јавно соопштение и да го потврди апсење на двајца фудбалери.

Поради големиот број лица заразени со коронавирусот на Канарските острови, има полициски час од 23 часа. Кафулињата и клубовите се затвораат во 23 часот, а забрането е повеќе од шест лица да седат на една маса на отворено

најчитани вести

Македонија

Како што Заев се колнеше во „жицата македонска“, така и „жицата“ на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ не издржа многу. Две ипол години по донесувањето...

Свет

Некои грешки во самостојниот третман на коронавирусот можат да му наштетат на организмот, па дури и да доведат до смрт, сподели лекарот и ТВ-презентер...

Македонија

Почна седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија во претседателската „Вила Водно“, на која ќе се расправа за актуелната состојба со пандемијата...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ побара влада на широка коалиција, нo досега јавно не соопшти како според него може да се надмине проблемот со Бугарија. Партиските...