Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

ИСТРАЖУВАЊЕТО ПОКАЖА: КОВИД-19 не ги „јаде“ бели дробови, туку црвените крвни зрнца, еве кој е под најголем ризик

Оштетувањето на црвените крвни клетки поврзано со COVID-19 може да биде одговорно за оштетување на повеќе органи кај пациенти со коронавирус, според студијата на Одделот за основна медицина на Федералниот универзитет на Далечниот исток.

Секој вирус е насочен кон одредени видови на клетки во телото. На пример, HIV е насочен кон клетките на имунолошкиот систем, вирусот на грип влијае на белите дробови и гркланот, додека SАRS-CoV-2 влијае на неколку органски системи, забележаа научниците кои спроведоа нова студија.

Неговата главна цел се црвените крвни клетки

Иако се спроведени многу студии за проценка на ефектите на коронавирусот врз белите дробови, вклучувајќи смрт на белите дробови и фиброза, авторите на оваа студија предупредуваат дека не е направено многу за да се проверат промените во концентрацијата на црвените крвни клетки, кои се главната цел на новиот коронавирус.

Истражувачите испитале биопсија на белите дробови на 11 пациенти кои починале од ковида-19 и ги споредиле со контролната група од 14 пациенти кои починале од опасни по живот повреди на возраст од 24 до 76 години.

Примероци на пациенти со COVID-19 го покажаа следново:

  • абнормални еритроцити (сферични, нерамна форма или помали или поголеми од нормалните во форма и големина) и српести еритроцити
  • нееднаква дистрибуција на хемоглобин (протеин кој носи кислород) во еритроцитите
  • задебелување на надворешната мембрана на еритроцитите
  • хемолиза или деградација на еритроцитите

Респираторите не помагаат, еве што предлагаат

Студијата покажа дека карактеристичното место на хемоглобин во еритроцитите кај пациенти со COVID-19 укажува на недостаток на железо и В12 анемија. Се смета дека гастроинтестиналните ефекти на SАRS-CoV-2 се одговорни за недостаток на витамин В12.

Видот на оштетување на еритроцитите докажува дека вирусот негативно влијае на процесот на формирање на еритроцити, што доведува до недостаток на железо и анемија В12. Авторите на студијата исто така истакнаа дека црвените крвни клетки се главната цел на вирусот корона.

Губењето на еритроцити го отежнува организмот да пренесува кислород во ткивата, а респираторот не помага затоа што нема доволно еритроцити за циркулација на кислород. Единствениот начин да им се помогне на таквите пациенти е да се даваат еритроцити или В12 надворешно.

Пациенти со хипертензија најмногу изложени на ризик

Истражувачите истакнуваат дека ниското ниво на хемоглобин дополнително го зголемува ризикот од оштетување на ткивото. Ова е затоа што во почетната фаза на болеста, ниското ниво на хемоглобин ќе доведе до зголемено производство на еритропоетин, хормон кој помага да се создадат еритроцити.

Ова, за возврат, ќе го зголеми вискозноста на крвта и ќе влијае на микроциркулацијата, односно циркулацијата на крвта во малите крвни садови во ткивата. Ова објаснува зошто пациентите со хипертензија се главната ризична група за COVID-19 и зошто лековите базирани на еритропоетин не можат да се користат за лекување на анемија кај пациенти со коронавирус, пренесуваат медиумите.

најчитани вести

Македонија

Како што Заев се колнеше во „жицата македонска“, така и „жицата“ на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ не издржа многу. Две ипол години по донесувањето...

Свет

Некои грешки во самостојниот третман на коронавирусот можат да му наштетат на организмот, па дури и да доведат до смрт, сподели лекарот и ТВ-презентер...

Македонија

Почна седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија во претседателската „Вила Водно“, на која ќе се расправа за актуелната состојба со пандемијата...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се пожали на Фејсбук дека му го откажале интервјуто на Телма, обвинувајќи за цензура како за време на комунистичките...