Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

ЕВЕ ШТО ОТКРИВА НОВАТА СТУДИЈА НА ЛАНСЕТ: Заболените од ковид 19 најверојатно се најмногу заразни во првите пет дена откако ќе развијат симптоми

Заболените од ковид 19 најверојатно се најмногу заразни во првите пет дена откако ќе развијат симптоми, потврдува новото истражување, истакнувајќи ја потребата за брза изолација.
Истражувањето објавено во списанието „Лансет“, исто така, сугерира дека асимптоматските лица можат побрзо да го отстранат вирусот од своето тело и да бидат заразни пократко време.
Во првиот системски преглед на овој тип, истражувачите анализирале податоци од 98 претходни студии за пренесување на инфекција со коронавирус.

Истражувачите ги споредиле своите откритија за ковид-19 со уште два други вида коронавирус за подобро да разберат зошто ковид-19 се шири толку брзо. Откриле дека вирусното оптоварување (количина на вирус откриено во организмот преку различни фази на инфекција) на САРС-КоВ-2 (вирусот што предизвикува ковид-19) достигнува врвови во горниот респираторен тракт во почетокот на болеста, помеѓу почетокот на симптомите и петтиот ден.

Ова е значајно затоа што се смета дека вирусот во горниот респираторен тракт е главниот извор на пренесување. За споредба, вирусното оптоварување за два други вида на коронавирус (SARS-CoV и MERS-CoV) достигнува максимум подоцна – помеѓу 10 и 14 дена односно 7 и 10 дена, обезбедувајќи повеќе време за препознавање на симптомите и карантин, пренесува Хафингтон пост.

најчитани вести

Македонија

Како што Заев се колнеше во „жицата македонска“, така и „жицата“ на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ не издржа многу. Две ипол години по донесувањето...

Свет

На почетокот на ноември 2017 година, речиси 400 најмоќни луѓе од Саудиска Арабија, меѓу нив принцови, тајкуни и министри, беа повикани и приведени во...

Свет

Многу промени ќе се случат, а Бил Гејтс на почетокот на оваа недела зборуваше за долгорочните последици од пандемијата врз нашите животи. За некои,...

Забава

Сораја Вучелиќ го прослави својот роденден пред неколку дена, каде скапоцените подароци не изостанаа. Се зборуваше дека таа добила подароци вредни над 300.000 евра....