Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

(ВИДЕО) СРБИЈА СЕ ЗБОГУВА ОД ПАТРИЈАРХОТ ИРИНЕЈ – ИЛЈАДНИЦИ ПРЕД ХРАМОТ СВЕТИ САВА

Поглаварот на Српската православна црква (СПЦ), патријархот Иринеј, ќе биде погребан денес во криптата во Храмот Свети Сава во Белград, каде во девет часот започна литургијата предводена од митрополитот Дабробосански , Хризостом.

На поворката во најголемата црква на Српската православна црква присуствуваат државниот врв на Србија, лидерите на Република Српска, претставници на верски заедници и деноминации, а пред црквата се собраа многу верници и обожаватели на патријархот Иринеј.

По опелото што започнa во 11 часот и говорот на епископот Бачки, Иринеј, е објавено дека претседателот на Србија Александар Вучиќ и членот на Претседателството на БиХ Милорад Додик ќе се збогуваат со патријархот.

Српскиот патријарх Иринеј, 45-от поглавар на Српската православна црква, почина како резултат на инфекција со коронавирус во петокот наутро во Воено-медицинскиот центар во Белград.

На 1 ноември, патријархот Иринеј ја водеше литургијата со епископите на Српската православна црква во Подгорица на погребот на митрополитот на Црна Гора Амфилохије, кој почина од ковид-19, а четири дена подоцна беше примен на лекување од инфекција со коронавирус.

Српската влада прогласи тридневна жалост во петокот, а верниците му оддадоа почит на поглаварот на српската црква во процесија вчера и во текот на ноќта.

Светиот архиерејски синод ги повика свештенството и верниците да се придржуваат кон мерките пропишани од државните органи заради тешката епидемиолошка состојба за време на молитвеното збогување со патријархот Иринеј.

најчитани вести

Македонија

Како што Заев се колнеше во „жицата македонска“, така и „жицата“ на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ не издржа многу. Две ипол години по донесувањето...

Свет

На почетокот на ноември 2017 година, речиси 400 најмоќни луѓе од Саудиска Арабија, меѓу нив принцови, тајкуни и министри, беа повикани и приведени во...

Свет

Многу промени ќе се случат, а Бил Гејтс на почетокот на оваа недела зборуваше за долгорочните последици од пандемијата врз нашите животи. За некои,...

Свет

Нов мутиран вид на коронавирус, откриен на фарми со визони (куни) во Данска, најверојатно изумрел, соопшти денеска данското Министерство за здравство. Нови случаи на...