Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

СТРАШНО : ДУРИ 19 ПРОЦЕНТИ ОД СЛОВЕНЦИТЕ ОДАТ ДА РАБОТАТ СО КОРОНА СИМПТОМИ

Unemployed Tired or stressed businessman sitting on the walkway after work Stressed businessman concept

Скоро две третини од Словенците отишле на работа минатата недела, а 19 проценти од нив имале барем еден од симптомите на вирусот корона, покажува анкетата на агенцијата за истражување на јавното мислење „Valikon“.

Според истражувањето, 10% од оние кои отишле на работа можеле да работат од дома, но нивните работодавци не им дозволувале да го сторат тоа.

Студијата се однесуваше на моделите на однесување при работа, како заеднички проект на официјалната страница за следење на епидемијата COVID-19 „Sledilnik“, Здружението на млади директори и „Valikon“, кои сметаат дека овие модели се клучни за борба против епидемијата.

Во истражувањето спроведено на примерок од 527 испитаници, меѓу кои имало 293 вработени, мнозинството активни вработени изјавиле дека за време на епидемијата оделе на работа, иако можеле да работат од дома.

Помеѓу 9 и 15 ноември скоро две третини од вработените оделе на работа, а 51 процент од вработените биле на работа секој ден.

Од оние кои отишле на работа, 75 проценти работат работа што не може да се заврши од дома, додека една четвртина може да работи од далечина.

Во 10 проценти од случаите, работодавачот не ја понудил таа можност, додека 14 проценти од испитаниците изјавиле дека решиле да одат сами на работа.

Околу 7 проценти од испитаниците завршиле половина од работата на работа, а другата половина од дома, додека 7 проценти работеле далечинско поголемиот дел од времето и оделе на работа само во итни случаи.

Според официјалната статистика во Словенија, во септември биле вработени 887.200 лица, па доколку резултатите од студијата се применат на целото население, тоа би значело дека околу 142 000 луѓе отишле на работа минатата недела, иако нивната работа од дома не би го нарушила работниот процес.

Авторите на студијата предупредуваат дека загрижувачки е што 10 проценти од вработените кои биле во контакт со заразено лице или имаат симптоми на COVID-19 одат на работа.

најчитани вести

Македонија

Почна седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија во претседателската „Вила Водно“, на која ќе се расправа за актуелната состојба со пандемијата...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација дека е запалено возило во близина на Олимпико во Скопје. На терен е присутна полицијата која го преусмерува...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се пожали на Фејсбук дека му го откажале интервјуто на Телма, обвинувајќи за цензура како за време на комунистичките...

Забава

Бил самец кој стареел и не очекувал дека ќе создаде семејство, но никогаш не се покајал ова што го направил. Џорџ Клуни во неодамнешно...