6 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

ПОРАЗИТЕЛНИ БРОЈКИ – НА СЕКОЈ 17 СЕКУНДИ ВО ЕВРОПА УМИРА ПО ЕДЕН ОД КОВИД-19 ВО ЕВРОПА

Во Европа досега починале околу 355.000 луѓе, а регистрирани се близу 16 милиони случаи инфицирани од корона вирус.

Од последица на корона вирус во Европа минатата недела умреле 29.000 луѓе. Тоа значи дека на секои 17 секунди починало едно лице, предупредил Ханс Клуге, директор на на СЗО за Европа.

Во Европа досега починале околу 355.000 луѓе, а регистрирани се близу 16 милиони случаи инфицирани од корона вирус, соопштил Ханс Клуге.

Тој нагласил дека во предходните две недели бројот на смртни случаи се зголемил за 18 отсто.

– Ако во изминатата недела починале 29.000 луѓе, тоа значи дека едно лице умира на секои 17 секунди во Европа од корона. Моментално секој ден умираат околу 4.500 лица. Само во ноември забележани се повеќе од четири милиони нови случаи – предупредил Клуге.

Тој оценил, кога 95 отсто од луѓето би носеле маски, “рестрективни мерки не би биле потребни“.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести